Зошто Маск е во војна со Австралија и Бразил?

April 26, 2024
1 min read

Маск во моментов е на два фронта, со властите во Бразил и во Австралија кои бараат на платформата да нема содржини кои тие ги  сметаат за штетни, за расизам, за дезинформации… (Види: Битката со дезинформации е убав бизнис).

Спорот на Маск со бразилските власти е дел од тековната дебата за тоа што да се прави со „дигиталните милиции“ кои се поврзуваат со поранешниот десничарски претседател Жаир Болсонаро.

Онлајн поддржувачите на Болсонаро беа предмет на петгодишна истрага од страна на судијата на Врховниот суд, Александре де Мораес, за наводно ширење лажни вести и говор на омраза за време на неговиот мандат.

Притоа, де Мораес издаде забрана за 150 твитер сметки на „дигиталните милицајци“ но добар дел од нив уште се активни. Забраните Маск ги доживеа како „агресивна цензура“ и порача дека „овој судија дрско и постојано го издава уставот и народот на Бразил“.

За возврат, де Мораес покрена истрага против Маск, за попречување на правдата.

Со Австралија, борбата почна со комесарот за е-безбедност кому му се придружија и сенатори и самиот премиер, Ентони Албанезе.

Повод беше обидот за убиство на владиката на асирската православна црква во Сиднеј, Мар Мари Емануел. Комесарот издаде наредба за отстранување на видеата од нападот на глобалните платформи. Мета веднаш прифати. Маск не.

Проблемот беше што австралиските власти не бараа видеата да не можат да ги видат само луѓето во Австралија туку да ги нема за сите ширум светот  (за Австралијците да не можат да се снаоѓаат со ВПН-и), на што Маск им  порача дека не може австралиските закони да важат надвор од нивната територија. Па ги гео-блокираше видеата само за Австралија.

„Ако на која било земја ѝ е дозволено да цензурира содржина за СИТЕ земји, како што бара австралискиот комесар, тогаш што ќе спречува некоја земја да го контролира целиот интернет? пиша Маск на Икс.

Австралискиот премиер го нарече Маск „арогантен милијардер“ кој мисли дека е над законот, ама па добро, не е тој еден од најбистрите (види: Австралија, мора ли толку глупо?).

На 10 мај предметот ќе се најде на суд а ако изгубат, Маск и Икс се соочуваат со казна од 500.000 долари за секој ден во кој нема да биде направено како што сакаат властите.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бакингемската палата ја објави здравствената состојба на кралот Чарлс: познато кога ќе се врати на должностите

Следно

ТАЖНА ВЕСТ: Почина кошаркарот Рубен Даглас

Latest from Blog

Победа на ВЛЕН на изборите – јасна порака од албанската заедница

ВЛЕН извојува убедлива победа на локалните избори, освојувајќи 10 општини и потврдувајќи ја широката поддршка и доверба што ја доби од албанските граѓани. По завршувањето на официјалниот изборен процес, кој вчера заврши

Сопственикот на барот во Кран-Монтана доби три месеци притвор

Кантоналниот суд на швајцарскиот кантон Вале денеска му одреди притвор на сопственикот на луксузниот бар „Констелејшн“, Жак Морети, каде што 40 лица го загубија животот во пожарот на новогодишната ноќ. На сопственикот

Утврдена листата на пријавени кандидати за новиот состав на ДИК

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница ја утврди листата на пријавени кандидати на огласот на Собранието за новиот состав на Државната изборна комисија (ДИК). Од пријавените кандидати,

Македонскиот пазар добива нов мобилен играч: „Оне Македонија“

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) денеска донесе одлука дека „Оне Македонија телекомуникации“ на унгарски „Фор-ај-џи“ е најповолен понудувач на тендерот за избор на трет мобилен оператор во државава. Од АЕК за МИА
Go toTop