Ковачевски: Не повикуваме на бојкот на вториот круг од претседателските избори

April 26, 2024
1 min read

Шефот на СДСМ, Димитар Ковачевски категорично ги демантира гласините дека неговата партија подготвува сценарија за бојкот на вториот круг од претседателските избори, по неповолниот резултат во првиот круг. Вели дека ги повикува граѓаните да гласаат. Од друга страна, што се однесува до одговорноста за резултатот, Ковачевски вели дека СДСМ ќе има отчетен конгрес, а потоа внатрепартиски избори. Шефот на СДСМ не наведува дали бара поддршка од некоја конкретна партија за вториот круг и се повика на изјавата на Пендаровски.

Во меѓувреме, ВМРО-ДПМНЕ не крие дека цели кон поддршка на албанските гласачи во вториот круг од претседателските избори. Од партијата на Мицкоски велат дека добиле доволно гласови од другите етнички групи во првиот округ.

И албанските партии продолжуваат со активностите на терен за да обезбедат поголема поддршка на парламентарните избори. Запрашан за можноста да се одобрат уставни измени веднаш по изборите и пред формирањето на владата, првиот човек на Беса Билал Касами вели дека измените ќе се случат без разлика со која партија ќе коалицираат.

„Владата во која ќе биде коалицијата Вреди, секако дека ќе биде влада која ќе ја гарантира интеграцијата на земјата во Европската унија. И претходно кажавме дека во таква влада ќе биде многу полесно, било со ВМРО или со која било политичка партија, да се направат уставни измени. Затоа, кога велиме дека ќе се направат уставни измени, не сме како ДУИ која десет години владееше со ВМРО и не направи ниту најмал чекор кон интеграција во ЕУ“, изјави Билал Касами, претседател на Беса.

Двајцата претседателски кандидати Гордана Силјановска и Стево Пендаровски повторно ќе се соочат во вториот круг, истиот ден кога политичките партии ќе ги одмерат силите на изборите за пратеници./Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

Извор: alsat.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

КУГЛОФ ЗА 10 МИНУТИ: Едноставен рецепт за многу вкусен колач за секој ден…

Следно

За скромен живот, потребни се најмалку 60.000 денари месечно

Latest from Blog

Македонец со потег за пофалба- му го вратил на студент од Белград загубениот паричник во Грција

Имено, младиот човек се качил на автобус од Белград до Грција за да ужива во летниот одмор со своите пријатели, но расположението му се расипало кога сфатил дека го изгубил паричникот на

Добра вест за Арсенал: По седум месеци, Габриел Жезус повторно е на тренинг

Напаѓачот на Арсенал, Габриел Жезус, се врати на тренинзите по долго отсуство. Тој е надвор од терените од јануари откако ги скина вкрстените лигаменти на натпреварот од ФА Купот против Манчестер Јунајтед.

Димитриеска-Кочоска потпиша Меморандум за зајакнување на регионалната финансиска соработка

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска учествуваше на потпишување на Меморандум за соработка за развој и интеграција на пазарите на капитал во Централна и Југоисточна Европа заедно со колегите од Хрватска, Бугарија, Унгарија,

ВИДЕО Несреќа во Франција: Хеликоптер за гасење пожари се урна додека се обидуваше да наполни вода

Хеликоптер за гаснење пожар се урна во езеро во близина на градот Роспорден во регионот Бретања во западниот дел на Франција, додека се обидувал да го наполни со вода за гаснење пожар,

Алиу со директорите на Клиниките за кардиологија и кардиохирургија: Заеднички ги разгледуваме тековните предизвици и можностите за унапредување на условите во дејноста

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска оствари работна средба со директорката на Клиниката за кардиологија, Даница Петкоска Спирова, а потоа се сретна и со директорот на Клиниката за државна кардиохирургија, Дејан Димитровски.
Go toTop