Појасот Газа: Ексхумирани уште 51 тело од масовната гробница во Хан Јунис

April 24, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Палестинската цивилна одбрана ексхумираше уште најмалку 51 тело од масовната гробница во комплексот на болницата Насер во градот Хан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа, јавува Анадолу.

„Идентификувани се околу 30 жртви, додека сѐ уште траат напорите за идентификување на останатите“, изјави за Анадолу Исмаил ал-Тавабта, генерален директор на Канцеларијата за медиуми на Владата во Газа.

Тој истакна дека најмалку 334 тела се есхумирани од масовната гробница во тој болнички комплекс

Телата се откриени откако израелската војска се повлече од Хан Јунис на 7 април по четиримесечна окупација.

Израел од 7 октомври минатата година врши брутални напади во Појасот Газа, во кои загинаа најмалку 34.200 Палестинци, главно жени и деца, а 77.200 се повредени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сиљановска-Давкова со двојна предност пред Пендаровски во првиот круг

Следно

Кобајаши со неверојатен скок постави неофицијален светски рекорд и скокна 291 метри

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop