Студентските протести за Палестина се проширија на уште два универзитета во САД

April 24, 2024
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Уште два универзитети во Соединетите Американски Држави (САД) денес започнаа протест против израелската офанзива во Појасот Газа, јавува Анадолу.

Студенти од Универзитетот Браун на Род Ајленд и Универзитетот Јужна Калифорнија (USC) се приклучија на останатите универзитети, меѓу кои е и Колумбија, со цел да повикаат на прекин на огнот во Газа.

„Кампот за солидарност со Газа“ на Браун побара од универзитетот „да ги отфрли донациите од сите компании кои овозможуваат или профитираат од геноцидот во Газа и пошироката израелска окупација на палестинските територии“.

Околу 100 пропалестински студенти на Универзитетот Тексас во Далас одржаа протест со седење долж ходникот што води до канцеларијата на претседателот на универзитетот доцна синоќа, јавија медиумите.

Минатата недела, студентите на Универзитетот Колумбија поставија протестен камп што заврши со апсење на над 100 студенти, откако претседателката на универзитетот, Минуш Шафик, ја повика њујоршката полиција да ги расчисти демонстрациите.

Претходно оваа недела, слични демонстрации избија на Универзитетот Јеил и Универзитетот Њујорк.

Спикерот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон се очекува да го посети Универзитетот Колумбија и да се сретне со еврејските студенти и да ги осуди протестите.

„Она што го гледаме во овие кампуси низ целата земја е одвратно и неприфатливо. Сметам дека секој лидер во земјата мора да го осуди ова насилство. Ние не сме вакви во Америка. Претставниците на универзитетите треба да ја стават ситуацијата под контрола“, напиша Џонсон на X пред патувањето.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ДИК: Првични резултати од Претседателските избори

Следно

Ковачевски: Денес е тежок удар за европската перспектива на Македонија

Latest from Blog

Чуда се случуваат: Андора има клуб во главната фаза на КЛ, жртви се Ардијан Нухиу и Дрита!

фото: Federació Andorrana de Futbol @Fedandfut (X) Во Конференциската лига вечерва вистинско чудо направи Интер Ескалдес од Андора, кој на пенали успеа да го елиминира косовскиот преставник Дрита. По оние 2:2 на

Официјално: Трамп го смени името на езерото Онтарио, за инаeт на Канаѓаните (ВИДЕО)

Трамп ја потпиша наредбата во услови на зголемени трговски тензии меѓу САД и Канада, објави Ројтерс. Тој претходно изјави дека размислува за промена на името на големото езеро пред денеска да ја
Go toTop