Сослушани сведоци во случајот против Алвеш

February 3, 2023
1 min read

Судијата, кој ја надгледува истрагата што се води против бразилскиот фудбалер Дани Алвеш, сослуша денеска осум сведоци на затворено рочиште во Барселона.

Алвеш е обвинет за сексуален напад врз млада жена во ноќен клуб во Барселона на 30 декември минатата година и веќе две недели е во притвор во близина на Барселона, откако му беше одбиена кауцијата да се брани од слобода.

Истрагата сега е во раце на судиите кои ќе одлучат дали ќе има судска разврска.

Истрагата би можела да потрае со недели.

Подносителот на тужбата го застапува Естер Гарсија, специјалист за сексуални злосторства, додека Алвеш како бранител го ангажираше Кристобал Мартељ, кој е експерт за финансиски случаи и го застапуваше Лионел Меси во неговиот случај за затајување данок додека Аргентинецот настапуваше за Барселона.

Ниту еден од застапниците денеска не разговараше со новинарите, откако судијата повеќе од два часа ги сослушуваше сведоците.

Алвеш го отфрли сите обвинувања.

Бразилскиот репрезентативец прво тврдеше дека не ја познава жената обвинението, а потоа призна, како што рече, дека имал сексуален однос на кој девојката се согласила.

Алвеш, кој до минатиот месец настапуваше за мексиканскиот прволигаш УНАМ Пумас, во кариерата освои 42 трофеи, вклучувајќи и три трофеи во Лигата на шампиони со Барселона и два Копа Америка со Бразил. Неодамна во Катар го имаше својот трет мундијалски настап.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Протест на српските млекопроизводители пред Министерството за земјоделство

Следно

Вечерва во 360°: Дали утре ќе се дозволат собири околу „Свети Спас“ и дали ќе има забрани за влез во земјава?

Latest from Blog

Анџелина Џоли го смени имиџот, фановите се шокирани од новата фризура (ФОТО)

Познатата актерка моментално е во Лондон за снимањето на новиот филм „Anxious People“, а папараците ја фотографираа со светло руса кратка коса, предизвикувајќи изненадување кај нејзините обожаватели, со оглед на тоа што

Се урна авион во Денвер, има загинати

Мал комерцијален авион се урна денес и се запали недалеку од Денвер во американската држава Колорадо, а во несреќата загинаа две лица, објавија американските власти. „Несреќата се случила јужно од аеродромот „Сентенијал“

На 10 септември закажана седницата на Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР

На 10 септември е закажана седницата на собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање (АР) за сомнежите за незаконско прислушување од АНБ, кое
Go toTop