Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1

April 23, 2024
1 min read

Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1, изјави тајландскиот премиер Срета Тависин, кој денеска оствари средба со шефот на Ф1, Стефано Доменикали.

„Тајланд има капацитет да биде домаќин на Формула 1 во Бангкок“, напиша шефот на владата на социјалната мреќа Икс, по разговорите во Бангкок.

„Ако го направиме тоа, сигурен сум дека нашата земја ќе остави неверојатни спомени за другите, бидејќи имаме добар потенцијал, капацитет и гостопримство“, наведе Тависин.

Владиниот портпарол, цитиран од локалните медиуми, рече дека трката би се организира низ улиците на стариот дел на Бангкок, познат по големиот сообраќаен метеж и проблемите со инфраструктурата.

Тајланд е домаќин на трка во Светскиот шампионат во Мото ГП која секоја година се одржува во Бурирам, сиромашен, рурален регион на повеќе од пет часа возење од главниот град.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ЦУК со апел за внимателност поради најавените метеоролошки промени

Следно

Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува

Latest from Blog

Тригодишно девојче со забиен нож во главата мирно оди на доктор (Вознемирувачко видео)

Грозните снимки станаа вирални на социјалните мрежи во Кина пред неколку дена. Според „Саут Чајна Морнинг Пост“, инцидентот станал познат на 15 август, кога еден граѓанин објавил видео од девојчето и нејзината

Лудило: Има само 16 години, ама со гол во 90+10.минута успеа да му донесе победа на Ливерпул на “Сент Џејмс Парк“!

ФОТО: FC Liverpol/X Рио Енгумоа, кој за некој ден треба да наполни 17 години, вечно ќе го памети вечерашниот меч на “Сент Џејмс Парк“. Се играше 90+10.минута, резултатот беше 2:2 кога успеа

Нов тренд во турскиот медицински туризам: Операции за намалување на висината!

Хируршките интервенции за намалување на висината стануваат нов тренд во турските клиники, една од водечките дестинации за медицински туризам во регионот, објави телевизијата СиЕнЕн-Турк. Според весникот „Поста“, Турција е сè попопуларна за

Омерагиќ ги покани најмалите и младите фудбалери бесплатно на мечот Македонија- Лихтенштајн!

28 Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, најави дека за претстојниот натпревар на националниот тим против Лихтенштајн ќе биде овозможен бесплатен влез на источната трибина за децата и младите фудбалери
Go toTop