Шефот за човекови права на ОН ги осуди последните израелски напади врз Газа

April 23, 2024
1 min read

ЖЕНЕВА (АА) – Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации (ОН) Фолкер Турк денес ја осуди најновата серија израелски напади врз Газа, во кои загинаа претежно жени и деца, јавува Анадолу.

Најмалку 24 Палестинци, меѓу кои 16 деца и шест жени, загинаа во неделата во израелското бомбардирање на неколку домови источно од Рафа во јужниот дел на Појасот Газа.

Портпаролката на Турк, Равина Шамдасани, на брифингот на ОН во Женева изјави дека тој е ужаснат од уништувањето и откривањето на масовните гробници.

Најмалку 283 тела досега се пронајдени во масовна гробница во медицинскиот комплекс Насер, откако израелската Армија се повлече од градот на 7 април по четиримесечна копнена офанзива.

„ОН повикуваат на независни, ефективни и транспарентни истраги за смртните случаи“, рече Шамдасани.

Во врска со извештаите дека Израел ќе ги прошири таканаречените „хуманитарни зони“ во Газа пред копнениот напад во Рафа, таа нагласи: „Нема безбедни места во Газа и секое преправање за создавање безбедни зони е всушност опасно“.

„Она што ни треба е моментален прекин на огнот“, повтори таа.

Бројот на загинати во нападите извршени од геноцидната војска на Израел врз Појасот Газа од 7 октомври 2023 година достигна 34.183.

Според податоците на Обединетите нации (ОН), израелската војна во Газа принуди 85 отсто од населението внатрешно да се раселат, предизвика акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а 60 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за гарантирање дека хуманитарната помош ќе стигне до цивилите во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Стејт департмент: Сериозна владина корупција и ограничена слобода на изразување во Северна Македонија

Следно

Турските сили неутрализираа 19 терористи на ПКК/ЈПГ во северен Ирак и северна Сирија

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop