Спасовски: На сите најавени делегации ќе им биде овозможено да се поклонат пред гробот на Делчев, повикувам на достоинствено чествување без транспаренти и туѓи знамиња

February 3, 2023
3 mins read

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во вестите на Канал 5 изјави дека сите најавени делегации кои сакаат да се поклонат пред гробот на Гоце Делчев ќе им биде овозможено, притоа тој повика на достоинствено чествување на 4 февруари, денот на раѓањето на великанот Гоце Делчев.

„Многу е важно да имаме чествување достојно на ликот и делото на Гоце Делчев, во таа функција ги преземаме сите оперативни активности кои ќе придонесат да имаме мирно и достоинствено чествување, да се заштити јавната безбедност, јавниот ред и мир. Тоа е функција на МВР, апсолутно сметаме дека непотребно во изминатиот период се креваа тензиите поврзани со случајот во Охрид кои не придонесуваат ништо добро во подобрување на односите, напротив сметам дека подигањето на тензиите само дополнително ќе ни ги влошува односите. Во тој дел пред се ликот и делото на еден великан каков што е Гоце Делчев треба да се чествува на еден достоинствен начин, впрочем како што ни доликува на нас граѓаните на Македонија“.

Во однос на тоа кој може да има пристап до гробот на Гоце Делчев кај црквата Св. Спас, министерот Спасовски нагласи:

„Ние објавивме податок преку Одборот којшто ова го организира сите кои најавија делегации кои сакаат да се поклонат на гробот на Гоце Делчев ќе им се овозможи тоа да го сторат. Во овој дел јасен е ставот кој го имаме”, рече министерот Спасовски, додавајќи дека со ниту една постапка не смее да се дозволи навредување на македонскиот народ и држава или на нарушување на чувствата на македонските граѓани.

„Затоа се воспоставени мерките на обезбедување. Затоа ќе имаме и воспоставено ред, тоа е многу важно, да преку воспоставување на таков ред не се дозволи да има било каков инцидент кој ќе биде во функција на остварување на целите на радикалните структури кои делуваат. Напротив сметам дека сите ние имаме дел од одговорноста, сето ова да помине во најдобар можен ред. Ниту еден кој ќе помисли на било кој начин со транспаренти или знамиња на туѓи држави да го навреди македонската држава и македонскиот народ, тоа нема да можат да го сторат и за тоа ќе носат последици”, рече министерот Спасовски.

Прашан за тоа каква е соработката со бугарското МВР, со оглед на понудената помош да испратат свои полицајци, министерот Спасовски рече:

„Соработката со МВР на Бугарија е на едно високо ниво и до сега, оперативна соработка, затоа што пред се’ надлежностите кои ги имаме, борбата против организиран и транснационален криминал и корупција не упатувата на взаемна соработка, илегалната миграција и тероризмот и низа на други прашања кои се поврзани и ние имаме исклучително добра соработка со сите МВР на околните држави. Нашата цел е таа соработка да се продлабочи уште повеќе Конкретно за настанот македонската полиција е таа која ќе го чува јавниот ред и мир и нема потреба од било каква помош од било кого. Македонската полиција е со сериозен капацитет да одговори на сите предизвици и да не дозволи никакво нарушување на јавниот ред и мир”, рече министерот Спасовски.

Во однос на тоа дали ќе бидат дозволени ноќни стражи, според идејата на патриотските институти, министерот Спасовски беше дециден:

„Реков дека деескалацијата е многу значајна, бидејќи гледате дека кревањето на тензиите во македоското општество, кревањето на тензиите во односите со соседна Бугарија не носи ништо друго, како што нема да носи кревање на тензии со било која од соседните држави. Ние како политика сме насочени кон меѓусебно разбирање и почитување. Тоа треба да биде обострано. Да се почитуваме и разбираме со нашите соседи, и нормално е да очекуваме да не разбираат и почитуваат и нас. Институциите се тие коишто апсолутно се задолжени и работат во полн капацитет за да обезбедат овој начин да протече мирно”, нагласи министерот Спасовски, при што упати порака до граѓаните за смиреност.

„Јас упатувам порака до граѓаните, да бидат спокојни заради тоа што навистина нема никаква индикација за вознемиреност и уште еднаш упатувам апел до сите граѓани за достоинствено чествување. Посебно до сите тие патриотски институти или здруженија да се откажат од идеите со коишто би го нарушиле јавниот ред и мир и безбедоста на државата. Никакви ноќни стражи, никакви стражарења, нема потреба од тоа, заради тоа што македонската полиција е тука како гарант на мирот и безбедноста. Сплотеност и национално единство на македонскиот народ, македонските граѓани е најмногу потребно во овие моменти и тоа е најдоброто оружје со кое ние ќе ги штитиме нашите национална самосвест, јазик, култура, традиција, и ако постои такво единство и ако постои единство кон остварување на стратешките цели, тогаш нема ниту еден човек, поединец или групација која може да ни наштети од надвор”, апелираше министерот Спасовски.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Урсула фон дер Лајен: Не постои строг распоред за пристапување на Украина во ЕУ

Следно

Русите лани купиле над 50 тони златни прачки

Latest from Blog

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички, ДУИ правеле дваесетина буџети и не покажале демократски капацитет

Денес во Собранието на амандманската расправа за предлог буџетот за 2025 година во Комисијата за финансирање и буџет се обрати пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски којшто посочи дека поднесените амандмани од опозициските

Предизвикувањето пожар во Комората е напад врз целокупната адвокатура и правниот систем во државата

Адвокатската комора на Република Македонија најостро го осудува насилниот напад кој се случи ноќеска, на 25 ноември 2024 година, околу 3:30 часот по полноќ, кога непознато лице насилно влегло во Комората и

Ибраими: Министерот Лимани од ниски политички причини го држи во заложништво отворањето на детска градинка во Арачиново и Липково

Градоначалникот на Арачиново го обвини минситерот за труд и социјала Фатмир Лимани дека намерно поради политички причини не ги отвора детските градинки во Арачиново и во Липково и покрај тоа што објектите

Истанбулскиот форум ‘Џиханума’ од 13 до 15 декември ќе ги разгледува современите прашања на исламскиот свет

ИСТАНБУЛ (АА) – Во организација на Здружението за солидарност и соработка „Џиханума“ во Истанбул од 13 до 15 декември ќе се одржи Истанбулски форум на кој ќе се дискутира за предизвиците и

Седницата на Собранието на Србија е прекината поради физички конфликт меѓу пратениците

БЕЛГРАД (АА) – Седницата на Народното собрание на Србија денес накратко беше прекината по тензиите и турканиците меѓу опозицијата и претставниците на владејачката коалиција, известува Анадолу. Претставниците на Собранието на Србија денес
Go toTop