Блумберг: Турција би можела во март да ја одобри кандидатурата на Финска за НАТО

February 3, 2023
1 min read

Турција е блиску до одлука да го одобри приемот на Финска во НАТО следниот месец, додека статусот на шведската апликација за членство во Алијансата останува неизвесен, јави Блумберг повикувајќи се на неименувани извори.

„Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган е блиску до одлуката за одобрување на членството на Финска во НАТО … согласноста од Анкара за пристапување на Финска во НАТО треба да се очекува во средината на март“, наведува Блумберг.

– Се осврнавме на прашањата што Анкара ги смета за вознемирувачки. Очекуваме Турција и Унгарија да го ратификуваат нашето членство во НАТО што е можно поскоро, изјави претходно премиерката на Финска, Сана Марин.

Таа додаде дека „важно е да се испрати јасна порака – Финска и Шведска заедно се пријавија заедно, и во интерес на сите е да се приклучат“.

Но, статусот на Шведска останува неизвесен, пред се поради влошените односи меѓу таа Стокхолм и Анкара. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Костовски: Општина Бутел мора да добие нова модерна поликлиника

Следно

ТАЖНА ВЕСТ: Почина Гоце Камчев, основач и претседател на „КАМ маркет“

Latest from Blog

Рибарите од Газа соочени со зголемена опасност и глад поради израелската блокада и нападите

ГАЗА (АА) – Во екот на израелските воени операции низ Појасот Газа, палестинските рибари во градот Газа се борат да преживеат поради зголемените ограничувања, влошените услови на морето и постојаната закана од

Осум години од крвавиот „27 април“

Денес се навршуваат осум години од насилниот упад во македонското Собрание, познат како „Крвавиот четврток“. На 27 април 2017 година, додека во Собранието се избираше новиот претседател Талат Џафери, толпа демонстранти, поттикнати
Go toTop