Во Загреб протестираат здравствените работници

February 3, 2023
1 min read

Предупредувачки протест пред ресорното министерство во Загреб беше организиран од Синдикатот на медицинските сестри и здравствените работници денеска поради лошите услови за работа и непочитувањето на колективните договори.

Хрватскиот стручен синдикат на медицински сестри и медицински техничари и Самостојниот синдикат за здравствена и социјална заштита организираа мирен собир и најавија можност за штрајк доколку управата продолжи да ги игнорира нивните барања, еднострано да носи одлуки и да не ги почитува нивните права.

„Ќе има штрајк доколку продолжи овој молк на Министерството“, изјави Аница Прашњак, претседател на Главниот совет на синдикатот на медицински сестри и техничари, каде има 10.600 членови. Таа особено го нагласи нерешавањето на проблемот со недостигот на медицински сестри, од кои само во Дубровник има недостиг од 375 медицински сестри.

Синдикатите посочуваат дека со месеци се обидуваат да иницираат преговори за нов колективен договор и дека проблемите од стариот колективен договор се уште не се решени, пренесуваат хрватските медиуми.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ДКСК: Прекршочни налози за повеќе општински советници, директори и членови на управни одбори кои истовремено извршуваат и други функции

Следно

Градоначалникот Стојкоски имаше средби со граѓани од Ѓорче Петров

Latest from Blog

Николоски: Градежништвото бележи историски раст од речиси 22 проценти

Во второто тромесечје од 2026 година градежништвото бележи раст од речиси 22 % споредено со истиот период минатата година. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска, одговарајќи на новинарско прашање, истакна

Проданоски: „Старо Бонче“ заслужува да биде меѓу најзначајните археолошки локалитети во Македонија

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, го посети археолошкиот комплекс „Старо Бонче“, каде во изминатите десетина дена интензивно се реализираат систематски археолошки истражувања. Проданоски се запознал со текот на истражувањата и досегашните
Go toTop