Хамилтон: Ќе се тркам долго откако ќе наполнам 40 години, Ферари не е нешто краткорочно

April 18, 2024
1 min read

Британскиот пилот, Луис Хамилтон најави учество во трките во Формула 1 уште неколку сезони откако ќе наполни 40 години.

Во пресрет на кинеското Гран при, возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, изјави дека не е загрижен за коментарите за неговиот „доцен“ трансфер во Ферари во 2025 година.

– Мислам дека мојата одлука не треба да биде оправдана. Знам дека ова е вистинскиот избор за мене и откако ја донесов одлуката, ситуацијата не се промени. Никогаш немало момент да се посомневам, а туѓите коментари не ме тераат да се двоумам. И денес има луѓе кои се уште зборуваат глупости и тоа ќе продолжи до крајот на годината. И само ќе треба да го направам она што го направив минатиот пат. Ме чекаат возбудливи времиња. Ќе се тркам добро откако ќе наполнам 40 години. Ферари не е нешто краткорочно. Јас не сум најстариот пилот. Ќе се тркам подолго време и прекрасно е што Алонсо е сè уште тука, рече седумкратниот шампион во Формула 1.

Ф1 трката во Кина ќе се вози в недела (21 април).

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Франција грга руски гас

Следно

Писателка Софи Кинсела се лекува од рак на мозокот

Latest from Blog

БАРОТ НА СМРТТА СЕ РЕНОВИРА – во него настрадаа 41 лице, сега ја менува својата функција

Барот „Констелејшн“ во Кран-Монтана, Швајцарија, каде што 41 лице загина, а 115 беа повредени во пожар на 1 јануари, никогаш повеќе нема да биде ресторан, вети претседателот на кантонот Вале, Кристоф Дарбел.

Телото на 17- годишна девојка од Тајланд е пронајдено во куфер- во обид за бегство е уапсен средовечен Австралиец (ВИДЕО)

Според полицијата и локалните медиуми, мажот бил запрен вчера околу 21:30 часот додека се подготвувал да се качи на летот на Џетстар за Перт. Апсењето следеше по истрагата за неговата врска со

Марш за ангелите во Кочани: Ќе се бориме до последен момент за вистината за „Пулс“!

Попладнево во Кочани се одржа 46-тиот Марш за ангелите. Родителите и блиските роднини на дел од загинатите порачаа дека она што деновиве го гледале во судница – расправии, провокации и обиди вниманието
Go toTop