Победата над Барселона нема да ја промени одлуката на Мбапе за неговата фдбалска иднината

April 17, 2024
1 min read

Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе одговори на прашањето дали пласманот во полуфиналето на Лигата на шампионите ќе влијае на неговата одлука за иднината.

– Не, нема да влијае. Горд сум што го носам дресот на ПСЖ бидејќи сум Парижанец. Сонувам да ја освојам Лигата на шампионите со ПСЖ. Ќе се обидеме да одиме на „Вембли“, го цитира Мбапе новинарот Фабрицио Романо.

ПСЖ синоќа ја совлада Барселона (4:1) во реваншот од 1/4 финалето на Лигата на шампионите и се пласираше во полуфиналето на турнирот (6:4 по два меча).

Во полуфиналето избраниците на Луис Енрике ќе се сретнат со Борусија Дортмунд.

Договорот на Мбапе со ПСЖ истекува на крајот од сезоната. Претходно медиумите објавија дека 25-годишниот Французин ќе го напушти францускиот клуб и ќе премине во Реал Мадрид.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЦЕЛ ЖИВОТ СЕ ГРИЖАМ ЗА БОЛНИОТ БРАТ, НЕ МОЖЕ СЀ ДА ТИ Е ПОГОДЕНО – ПОДКАСТ СО ОПЕРСКАТА ПРИМАДОНА ВЕСНА ЃИНОВСКА – ИЛКОВА

Следно

Хороскоп: Бикот помалку да зборува, а Овенот да ги отфрли сомнежите

Latest from Blog

Израелски војници приведоа екипа на CNN, која известувала за нападот врз Палестинците (ВИДЕО)

Но, наместо да ги притворат доселениците или да ја отстранат нелегалната населба, војниците се свртеа кон палестинските жители на селото Тајасир и тимот на CNN кој известуваше за упадот, пишува CNN. „Стоп!

Манасиевски: Филипче по насока на ПР шефот Башановиќ спремил програма на СДС, како да не беа до пред 2 години власт

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција упати остри критики кон новата програмска понуда на СДСМ и поранешниот министер за здравство Венко Филипче. „Да не беше смешно, ќе

Муцунски: Со техничката влада во Софија не можеме да преговараме

Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски во вечерашното гостување во „Топ тема“ на телевизијата Телма рече дека имало иницијативи за состанок меѓу него, олеснувачи во меѓународните односи и тогашниот колега од бугарска
Go toTop