Објавена е листата на 10-те најдобри кашкавали во светот, меѓу нив еден е од регионот

April 16, 2024
1 min read

Објавена е листата на 10 најдобри кашкавали во светот во 2023 и 2024 година, според податоците собрани од кулинарското списание Taste Atlas.

На прво место е италијанскиот пармезан (parmigiano reggano), кој е оценет со 4,68 од посетителите на споменатата страница. Пармезанот е тврд, полумасен кашкавал направен од кравјо млеко. Потекнува од околината на италијанскиот град Парма, од каде е и неговото име.

Следат повеќе италијански кашкавали – mozzarella di bufala campana и stracchino di crescenza и грчкиот кашкавал graviera naxou. Тие го добија истиот резултат – 4,64.

На петтото место е португалскиот queijo serra de estrella (4,63), на шестото место е италијанскиот кашкавал buratta (4,62), на седмото место е францускиот saint-andre (4,61), а на осмото место е reblochon (4,55), исто така француски.

Пљевалскиот кашкавал кој се произведува во Црна Гора, го зазеде деветтото место со оценка 4,55. Кашкавалот е главен дел од многу црногорски јадења. Традиционално се произведува од сирово кравјо млеко. Има силен вкус и кремаста текстура.

Неговите уникатни ароми се резултат на процесот на созревање што се одвива во специјално дизајнирани дрвени тенџериња. Сеченото сирење се посолува, се става во дрвени кади, а потоа се потопува во саламура.

Потребни се 15 дена да созрее, по што е подготвено за консумирање. Толку е популарен што има и годишна манифестација Денови на пљевалски кашкавал, каде што многубројни производители ги презентираат своите кашкавали.

Десеттото место на листата го зазеде францускиот Mont d’Or со оценка 4,54.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СТРАШНА ПОВРЕДА И КРВАВИ РАНИ НА ЛИЦЕТО: Ана Николиќ повторно ја шокираше јавноста откако лани беше објавена со живи рани и отворени дупки (ФОТО)

Следно

Собранието на Советот на Европа го поддржа членството на Косово

Latest from Blog

Вечерва започнува четвртото издание на „Taste the South“ во Гевгелија

Вечерва, во 18:30 часот, во Mega Shopping Park во Гевгелија започнува четвртото издание на гастрономско-музичкиот фестивал „Taste the South“. Од 11 до 13 септември, фестивалот ќе ги обедини локалните вкусови, традицијата, виното

Општина Битола: Отворен конкурсот за највисокото општинско признание „4-ти Ноември“

Наградата „4-ти Ноември” на Општината Битола се доделува на физички и правни лица како знак на општествено признание за значајни остварувања во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената заштита, социјалната

Претседателот на Фенербахче: Лицето кое го фрли шишето е уапсено, Исмаил Картал останува наш тренер! (ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/Fenerbahce/ Синоќа за време на средбата од Лигата на Шампионите меѓу Фенербахче и Рома се случи тежок инцидент. Имено беше фрлено шише со вода по тренерот на домашните Исмаил Картал. Тој видно

Пет лица загинаа, а 67 други се ранети, руски дрон погодил трговски центар во Павлоград

Продавници и возила беа погодени во нападот, кој се случи вчера  „кога улиците беа полни со луѓе“, рече министерот за внатрешни работи Иван Вихивски. Според украинските медиуми, уште два трговски центри –
Go toTop