Продолжи снимањето на филмот „Скејтањето не е за девојчиња” во режија на Дина Дума

April 16, 2024
1 min read

Во Скопје денеска почна третата недела од снимањето на долгометражниот филм „Скејтањето не е за девојчиња” во режија на Дина Дума. Филмот е копродукција меѓу Северна Македонија, Белгија, Словенија и Хрватска. Филмот се снимаше во СУГС „Браќа Миладиновци“ во населбата Драчево.

Ова е филм којшто следи три генерации жени – додека тие се движат низ судирот меѓу традицијата и предизвиците од модерното време. Низ светогледот на 12-годишната Адела, филмот ни отвора свет во кој три генерации жени се осмелуваат да ги препишат сопствените судбини и да ги оспорат границите на општеството обликувано од традицијата.

Локациите на снимање се на територија на Скопје. Главните улоги ги толкуваат натуршчици и актери од ромската популација Ефќар Абаз, Џефрина Јашари, Симонида Селимовиќ и Ганимед Абдула.

Сценариото е на Дина Дума, коавтори се Лидија Мојсовска и Теона Митевска, директор на фотографија Фредерик Ноиром, сценограф Вук Митевски, костимограф Матеја Фајт, шминка Мојца Горогранц-Петрушевска, кастинг директор Киријана А. Николоска. Продуцент на филмот е Лабина Митевска, копродуценти Себастијан Делој, Данијел Хочевар и Вања Сремац.

Режисерката Теона Митевска денеска на почетокот на снимањето изјави дека целото снимање на филмот се одвива во нашата држава.

-Имаме многу интернационална екипа, што ни е особено драго. Целото снимање се одвива во Македонија, со екипа од овие четири земји. Монтажата се случува во Белгија, во Брисел и дел од постпродукцијата, освен во Белгија, се случува во Хрватска и во Словенија, додаде Митевска.

Проектот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија, како и од националните и регионални фондови на Белгија, Словенија, Хрватска и од Еуроимаж.

Директорот на Агенцијата за филм Владимир Ангелов се надева дека снимањето ќе тече без проблеми и дека ќе имаме успешен филмски производ.

– Се надевам дека снимањето до крај ќе тече мазно, мирно и тивко без проблеми и дека ќе имаме успешен филмски производ, како и досегашните производи што доаѓале од вашата работилница. Интересно е што филмот е повеќе од 100 отсто финансиран од страна, така што ова е еден позитивен пример како треба да се затвора брзо и ефикасно финансиска конструкција на еден филмски проект, рече Ангелов.

Филмот го започна снимањето на 2 април оваа година.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

ДА ГИ НАУЧИМЕ МЛАДИТЕ ДА ЧИТААТ НАМЕСТО ДА БИДАТ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ, ВЕЛАТ ОРГАНИЗАТОРИТЕ НА САЕМОТ ЗА КНИГА КОЈ СЕ ОТВАРА В ЧЕТВРТОК НА 18 АПРИЛ

Следно

Имате недостаток на енергија? Овие овошја ќе ви ги наполнат батериите!

Latest from Blog

Министерството за спорт ќе ја поддржи јубилејната академија на ПК „Љуботен“

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари средба со претставниците на Планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово, кој годинава одбележува импресивен јубилеј – 100 години од своето формирање. ПК „Љуботен“ претставува најстар активен

„THE RED APPLE“ -Зохран Мамдани со срп и чекан на насловната на New York Times

На насловната страница на денешниот „Њујорк пост“ пишува: „Социјалистот Мамдани ја доби градоначалничката трка. Црвено јаболко“. Во позадина, Мамдани е прикажан како држи чекан и срп, додека на небото над облакодерите се

Бојан Бојковски е нов претседател на Советот на Општина Битола

На конститутивната седница на Советот на Општина Битола, за нов претседател беше избран Бојан Бојковски од ВМРО-ДПМНЕ. Седницата ја водеше највозрасната советничка Јагода Талевска од Движењето ЗНАМ, а Бојковски беше единствениот предложен
Go toTop