Штрајк на специјализантите – од Владата бараат писмени гаранции

April 15, 2024
3 mins read

Околу 400 млади приватни специјализанти во Северна Македонија од утрово, 15 април, стапија во штрајк се додека не добијат писмени гаранците дека ќе им се исполнат барањата. Специјализантите, кои примаат плата од 26 илјади денари или нешто повеќе од минималната, бараат платата да им се зголеми колку и на другите лекари како и да бидат редовно вработени, а не да работат под договор на дело. Овие неколку стотини лекари немаат здравствено осигурување, ниту породилно отсуство.

Приватните специјализанти сами си ја плаќаат специјализацијата за која годипно на Медицинскиот факултет плаќаат по 1.500 евра.

„Јас сум од новите специјализанти, за нас е многу разочарувачки тоа што целиот труд што го вложуваме преку факултетот кој трае шест години, па преку процесот за стекнување со лиценца, па дополнителни пракси и се што правиме за да станеме обучени доктори, сето тоа на крај да ни биде наградено со едни деградирачки услови “, изјави денеска докторката Тамара Пејовска која е приватен специјализант на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија.

Истите овие барања специјализантите ги истакнаа најпрво на протестот на 27 март. По овој протест, на средби во Министерството за здравство, министерот Илир Демири ги уверил приватните специјализанти дека сите овие нивни барања ќе бидат ставени на некоја од следните владини седници.

Но младите лекари велат дека досега тоа не се случи. Затоа младите приватни специјализанти од денеска стапија во генерален штрајк.

„Штрајкот пак значи дека воопшто нема да ги извршуваме нашите работни обврски и нема да се појавуваме на дежурства, значи целосно бојкотирање на работниот процес, а самиот штрајк ќе трае додека не ни ги исполнат нашите барања“, изјави Кристина Илиовска Чашларовска, која веќе трета година е приватен специјализант по интерна медицина.

Пред државниот клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје, Чашларовска порача дека клиниките ширум земјава од утрово сами се организираат, односно сами го решаваат дефицитот на специјализантите кои се во штрајк.

И покрај штрајкот, специјализантите уверуваат дека клиниките во наредниот период ќе можат да си ја организираат својата работа.

„Утринава стапив во контакт со повеќе клиники и сите со кои разговарав прават сопствено менаџирање, повикуваат специјалисти, односно државни специјализанти со кои ја организираат работата“, додаде Чашларовска.

Повик за средба во Влада како обид за смирување ?

И додека трае генералниот штрајк најавено е дека претставници од Министерството за здравство, Владата и приватни специјализанти, во текот на денот ќе одржат средба во Владата на која ќе се разговара за нивните барања.

Чашларовска вели дека поканата ја добиле денеска и не знаат со кого ќе разговараат во Владата.

„Нашиот штрајк продолжува се додека ние не добиеме писмена, официјална изјава и гаранција дека нашите барања ќе бидат исполнети“, Истакна Чашларовска.

Повеќе информации за деталите околу оваа средба се обидовме да добиеме и од Министерството за здравство, но оттаму до објавување на текстот не одговорија на нашето прашање.

Во ресорното Министерство прашавме и колкав удар за установите претставува тоа што сега 400 приватни специјализанти во наредниот период нема да работат, но ниту на тоа прашање досега не ни одговорија.

Како може да се реши проблемот со приватните специјализанти?

Специјализантите се особено револтирани затоа што иако работат во здравството немаат здравствено осигурување.

„Имав труење и требаше да си ја платам инфузијата од 1.000 денари на Клиниката за инфективни болести затоа што не сум здравствено осигурана, вели приватниот специјализант докторката Тамара Пејовска.

Овие проблеми пак, според докторот Бојан Трајковски од Асоцијацијата на млади лекари може да биде решен многу едноставно.

„Приватниот специјализант може или да се регулира законски и буквално да се воведе во Законот за здравствена заштита, или втора опција да имаме комплетна трансформација на приватните специјализанти во државни специјализанти и тој субјект „приватни специјализанти“ повеќе да не постои“, изјави Трајковски во интервју за РСЕ.

Тој додава и дека на овој начин младите доктори ќе имаат поттик плус да останат во земјава.

„Главниот проблем за оваа ситуација и во немањето на здравствена заштита во моментот за жал мислам дека е резултат на немањето на политичка волја, а е нешто што многу едноставно и брзо може да се реши“, додава Трајковски.

Со оглед на тоа државата е во предизборен период, младите специјализанти се свесни дека Техничката влада не може да носи одлуки и да пренаменува средства од буџетот, ниту да предлага закои ни и нивни измени. Затоа претставниците на овие млади лекари се согласуваат да добијат од Владата писмена гаранција дека по 8 мај ќе им бидат остварени барањата и тогаш ќе го прекинат штрајкот и ќе продолжат со работа по старите услови уште околу еден месец.

Според податоците на Македонското лекарстко друштво годишно од Северна Македонија заминуваат од 200 до 250 лекари.

Извор: Радио Слободна Европа

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Супер Милионер вреден скоро 21 милион денари освои играч на ВЛТ

Следно

Смени на амбасадори и претставници на ЕУ во Западен Балкан

Latest from Blog

Black Friday: Пазарен инспекторат „лови“ лажни попусти

Нечесните трговци кои ги изигруваат купувачите со лажи попусти се еден чекор пред институциите и добро знаат како да го изиграат законите, вели претседателката на Организација на потрошувачи Маријана Лончар Велкова. Таа

Притвор за три лица осомничени за предизвикување национална омраза

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против три полнолетни лица за кривично дело – Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа од член 319 став 1

Сиљановска Давкова за инцидентите со знамето: Повикот за разум, толеранција и дијалог е клучен во вакви моменти

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова преку социјалните мрежи ги осуди вчерашните инциденти кога по повод прославата на Денот на албанското знаме, беше осквернавено македонското знаме. Како што напиша Сиљановска Давкова на својот профил

Казни од 2,2 милиони евра за грчки компании поради лажни попусти

реку специјалната дигитална алатка за откривање лажни попусти што ја користат ревизорските служби на Министерството за развој на Грција, биле откриени 14 компании кои во изминатите седмици се обиделе со лажни попусти

Турскиот претседател ја нагласи потребата од развивање прецизни, трајни и долгорочни политики за миграцијата

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес ја нагласи потребата да се пристапи кон миграцијата од сеопфатна перспектива и соодветно да се развијат прецизни, трајни и долгорочни политики, јавува Анадолу.
Go toTop