„Туркиш Техник“ ќе ги одржува авионите на „Ер Србија“

February 3, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – „Туркиш Техник“, филијалата на турскиот авиопревозник „Туркиш ерлајнс“ за одржување, поправка и ремонт на авиони, потпиша договор со „Ер Србија“ за базно одржување на нејзините авиони, јавува Анадолу.

Компанијата соопшти дека базното одржување на авионот Ербас А320цео на „Ер Србија“ веќе започнало во капацитетите на „Туркиш Техник“ на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул.

Авионот А330 ќе биде однесен на сервис во истиот објект во наредните месеци, се вели во соопштението на компанијата.

„Среќни сме што го зајакнуваме партнерството помеѓу ‘Туркиш Техник’ и ‘Ер Србија’ и се стремиме да продолжиме да ја градиме нашата врска понатаму во годините што доаѓаат“, рече Микаил Акбулут, извршен директор на „Туркиш Техник“.

Јиржи Марек, извршниот директор на „Ер Србија“, истакна дека авиопревозникот постојано се стреми кон оперативна ефикасност и подобро искуство во патувањето на своите патници.

„Сходно на тоа, склучивме партнерство со ‘Туркиш Техник’ и им го доверивме одржувањето на неколку авиони од нашата Ербас флота. Силно веруваме дека овој договор е почеток на големо партнерство меѓу нашите компании“, рече тој.

„Туркиш Техник“ обезбедува одржување, поправка, ремонт, инженерство, модификација како и услуги за реконфигурација на многу домашни и меѓународни клиенти на пет локации.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Африкански милијардер го купува Шефилд Јунјатед

Следно

Пентагон: Над САД е открин разузнавачки балон на Кина

Latest from Blog

Тошковски од Мала Преспа: македонскиот дух тука живее силно и гордо

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков се во посета на македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот

Бериша: За 10 години Албанија ја напушти 45 отсто од популацијата поради нарко диктатурата

Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократска партија и поранешен премиер, Сали Бериша во обраќањето на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што се одржува во Порто, Португалија изјави дека за една деценија 45 отсто

СДСМ објави нови 11 кандидати за градоначалници, во Струмица наместо Костадинов ќе се трка Даскаловски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција објави уште неколку имиња на кандидати за градоначалници на партијата за претстојните локални избори. Прашан зошто актуелниот струмички градоначалник Костадин Костадинов нема да бара

Во Ирак се одржа Фестивал на убавина за мачки

СКОПЈЕ (АА) – Во организација на Кралската ветеринарна болница, во ирачкиот град Сулејманија денес се одржа второто издание на Фестивалот на убавина за мачки, каде што љубителите на мачки се собраа за
Go toTop