Момчињата ранети во пукањето кај Штрпце се во добра состојба, прекината блокадата на патот

January 7, 2023
1 min read

Двете српски момчиња беа ранети без причина, а според соопштението на Канцеларијата за Косово и Метохија на Владата на Србија, во моментот на нападот децата се движеле покрај патот и носеле бадниково дрво кога напаѓачот отворил оган врз нив. Нападот го осудија и Белград и Приштина

Момчињата Стефан Стојановиќ (11) и Милош Стојановиќ (21), кои вчера беа ранети во Готовуша кај Штрпце кога локален Албанец пукал во нив од возило во движење, се добро и се опоравуваат. Напаѓачот е уапсен.

Србите ги прекинаа протестите и блокадата на патот Урошевац-Штрпце кај селото Готовуша, по разговорот со претставници на локалната власт и ветувањето на полицијата дека повторно ќе постават контролни пунктови.

Косовската полиција синоќа соопшти дека е уапсен 33-годишен маж, осомничен дека пукал и повредил две деца во близина на Штрпце. Министерството за одбрана на Косово соопшти дека приведениот е припадник на косовските безбедносни сили.

Двете српски момчиња беа ранети без причина, а според соопштението на Канцеларијата за Косово и Метохија на Владата на Србија, во моментот на нападот децата се движеле покрај патот и носеле бадниково дрво кога напаѓачот отворил оган врз нив.

Нападот го осудија и Белград и Приштина, како и претставници на ЕУЛЕКС, ОБСЕ и Европскиот парламент.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Берово утрово најстудено, -7 степени

Следно

Министерот Спасовски со честитка по повод Рождеството Христово – Божик: Со нова енергија да бидеме инспирирани на благородни дела, солидарност и заедништво

Latest from Blog

Трамп нареди да се спуштат знамињата низ САД во чест на починатата Доли Партон

Легендарната американска кантри пејачка, актерка и хуманитарка Доли Партон почина денеска на 80-годишна возраст, потврди нејзината придружба. За време на кариерата што траеше речиси шест децении, Партон стана една од најпрепознатливите личности

Проданоски: Земјоделците од Мажучиште и Коњари нема да бидат оставени сами

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска беше на терен во населеното место Големо Коњари, каде се увери во последиците од вчерашното силно невреме проследено со дожд и град. Невремето предизвика сериозни
Go toTop