Нема излегување жив или здрав од украинската војска

April 12, 2024
1 min read

Опцијата за ограничување на воениот рок на 36 месеци беше едно од главните барања на активните војници на украинските сили кои случат од почетокот на војната.

„Ова е катастрофа… Како е можно да им ветат демобилизација на војниците во декември 2023, и на крај да ги напуштат!!! Не можеш на војниците да им ја одземеш надежта дека некогаш ќе се вратат дома,“ ја пренесува Киев пост пораката на украинскиот офицер Максим Несмјанов.

По новиот закон најбезболна опција за враќање дома за украинските војници е да бидат заробени од Русите. Друга опција е да бидат тешко ранети или да се здобијат со инвалидитет.

Војниците и нивните семејства не се задоволни и од одлуката избегнувањето на воен рок да се казнува само со административна казна а не кривична.

Украинска правда објавува дека членот за демобилизација на војниците по 36 месеци е исклучен од законот на барање на командантот на украинските вооружени сили, генерал Олександар Сирски. Од владејачката партија на Зеленски порачуваат дека без разлика кој што зборува, важно е дека сега Украина има закон за мобилизација.

ИЗВОР: off.net.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

САД ги ограничија патувањата на службениците во Израел поради страв од напад на Иран

Следно

ВО МАНУ СЕ ОТВОРА ИЗЛОЖБА „ТРИ ГЕНЕРАЦИИ ТАШКОВСКИ“

Latest from Blog

Зеленски: ЈА ВРАЌАМЕ ВОЈНАТА ВО РУСИЈА

Во своето вечерно обраќање, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги осуди руските напади врз Запорожје и Днепар, нарекувајќи ги „многу цинични“. Тој изјави дека руските сили во Запорожје со беспилотни летала нападнале цивилни

ПОДЕМ: Усвојувањето на Законот за игрите на среќа и забавните игри е важна реформа во интерес на граѓаните

Партијата на обединети демократи на Македонија (ПОДЕМ) го поздравува донесувањето на новиот Закон за игрите на среќа и забавните игри, со кој по повеќе од една деценија конечно се воспоставува современа и

Цените на нафтата растат, вознемиреноста во Ормускиот теснец се интензивира

Цените на нафтата се зголемија на меѓународните пазари на околу 73 долари, сигнализирајќи зголемена вознемиреност кај инвеститорите откако новиот бран ракети во Ормускиот теснец ги истакна ризиците за спроведување на американско-иранскиот договор
Go toTop