Одземено олимпиското сребро на Русинката Гулиев поради допинг

April 12, 2024
1 min read

Руската атлетичарка Екатерина Поистогова – Гулиев (33) е суспендирана на две години и ќе ѝ биде одземен сребрениот медал освоен во трката на 800 метри на Олимписките игри во Лондон во 2012 година, соопшти Атлетското тело за интегритет (АИУ).

Поистогова – Гулиев беше суспендирана на две години од март 2023 година поради користење забранета супстанца, а воедно и беа дисквалификувани сите резултати во периодот од 17 јули 2012 до 20 октомври 2014 година.

Натпреварувајќи се како Екатерина Поистогова, таа заврши на третото место во олимпиското финале на 800 метри, но подоцна беше наградена со сребро бидејќи руската победничка Марија Савинова, исто така, беше прогласена за виновна за прекршување на допинг.

Неколку години подоцна се раздели од рускиот атлетичар Степан Поистогов, и повторно се омажи за турскиот спринтер Рамил Гулиев, а од 2022 година настапува под турско знаме.

„Гулиев има рок до 13 мај да поднесе жалба. Доколку тој рок истече без жалба, оваа одлука станува обврзувачка“, соопшти АИУ.

Доколку Гулиева не ја обжали суспензијата, Памела Јелимо од Кенија ќе го освои среброто, додека на Американката Алисија Монтано ќе и припадне бронзата.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ДИК ќе изврши жрепка за редоследот на листата со кандидати за пратеници

Следно

Меган Маркл и принцот Хари продуцираат две нови серии на Нетфликс

Latest from Blog

Цените на лебот и пецивата остануваат на исто ниво, ќе се следи состојбата со енергенсите

Состојбата со цените на лебот и пецивата е под контрола и тие не се покачени во 99 отсто во државата, а претставниците и членовите на Коморите од мелничко пекарската индустрија одлучија цените

Општина Чаир со порака за инклузија: Одбележан денот на свесноста за аутизмот

Денеска, во Општина Чаир се одбележа Меѓународниот ден на свесноста за аутизмот. На добро организиран панел со широка учество на професионалци, родители и институционални претставници се дискутираше за предизвиците со кои се

Фрчат оставки во Италија: По претседателот си замина и директорот на репрезентацијата!

ФОТО: www.figc.it Хаос во Италија. Фрчат оставки во тамошната Фудбалска федерација. Имено по претседателот Габриеле Гравина, си замина и директорот на репрезентацијата, легендарнио Џанлуиџи Буфон. Ова доаѓа откако Италија по третпат во
Go toTop