Забрана за продажба на смартфони на лица под 16 години

April 11, 2024
1 min read

На ист став со владата се и мнозинството родители во земјата од кои на анкета во март годинава 58% одговориле дека се согласуваат со забрана за користење смартфони за лица под 16 години.  Во истата анкета 4 од 5 родители изјавиле дека сметаат дека смартфоните се штетни за децата и младите. Слични резултати покажуваат и други анкети спроведени во Британија.

Намерата на законот е да се заштитат децата од штетното влијание на социјалните мрежи. Анкета на Офком открива дека 97% од британските деца на возраст до 12 години имаат смартфон.

Законот во сегашната форма предвидува само да се забрани продажбата на телефони на деца до 16 години, но тој не ги сопира родителите да го направат тоа за нив.

Противниците на планот сметаат дека владата претерува во микроменаџирање на населението и дека одлуката треба да биде оставена на родителите. За премиерот Риши Сунак е проблематично што периодов тој воведува уште еден закон кој се однесува на младата популација, конкретно за забрана за пушење во земјата. Според него на Британците родени по 1 јануари 2009 до крајот на животот нема да им биде дозволено да купат цигари, бидејќи секоја година за една година ќе се зголемува границата до која не е дозволено купување цигари.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Митровски во СТУДИО 10: Сакам да се обнови Универзална сала каде што го минав животот

Следно

Марго Роби подготвува филм за играта „Монопол“

Latest from Blog

Трамп повторно изјави дека се надева оти крајот на војната против Иран е близу

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева дека крајот на војната против Иран е близу, бидејќи конфликтот, кој е во седмиот месец, ескалираше кога саудиските авиони  го бомбардираа Јемен, а  Хутите

Комуналец Прилеп со порака: Чиста Могила за уживање на сите

Парк-шумата Могила во Прилеп во моментов е чиста и уредна, информираат од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп. Од претпријатието упатија благодарност до граѓаните кои со своето однесување придонесуваат просторот да остане чист и

Поранешни противници бараат помош од австралиската влада поради здравјето на Имран Кан: Ќе умре во затвор

Вчера, седум поранешни австралиски капитани во крикет ја повикаа министерката за надворешни работи на земјата, Пени Вонг, да интервенира дипломатски во врска со продолжениот притвор на поранешниот пакистански премиер, изразувајќи загриженост за
Go toTop