Најмалку 8 загинати откако брод со мигранти потона во Средоземното Море

April 11, 2024
1 min read

РИМ (АА) – Осум лица, меѓу кои и едно дете, загинаа кога чамец со мигранти потона при обид да го премине Медитеранот, пренесува Анадолу.

Италијанската крајбрежна стража интервенираше, а нивните патролни чамци успеаја да спасат многу мигранти, јави италијанската новинска агенција АНСА.

Крајбрежната стража, која спаси 23 лица, соопшти дека чамецот се превртел на околу 55 километри југоисточно од островот Лампедуза во меѓународни води.

Во првичните изјави на спасените се споменува дека имало и други луѓе изгубени во морето при потонувањето на чамецот, но нивниот број не е познат.

Меѓу осумте починати, некои починале од хипотермија.

Филипо Манино, градоначалникот на Лампедуза, рече дека уште една трагедија го потресла нивниот остров, мислејќи на несреќата со потонувањето на чамецот со мигранти.

„Токму сега беа донесени осум тела, вклучително и на мало девојче. Ова стана бескрајна бројка. Морските услови се ужасни и трговците со луѓе продолжуваат да ги испраќаат овие сиромашни, очајни луѓе на мали чамци кои едвај пловат. Секогаш е истата приказна. Многумина плаќаат за да умрат на море“, рече Манино.

Според податоците на Меѓународната организација за миграција (ИОМ), 385 мигранти се изгубени на море во централниот дел на Медитеранот од почетокот на годината до 8 април.

Според Министерството за внатрешни работи на Италија, бројот на нерегуларни мигранти кои пристигнале во земјата по морски пат од 1 јануари до 10 април годинава изнесува 15.774 во споредба со 31.128 во истиот период минатата година.

Протокот на миграција и последователните несреќи на море продолжуваат во централниот Медитеран, една од најчесто користените рути за нерегуларна миграција од Африка до Европа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Македонските тенисерки ги добија ривалите за продолжение на БЏК Купот

Следно

Трамп: Не би било соодветно да ја посетам Украина кога не сум на функција

Latest from Blog

Цените на нафтата растат, вознемиреноста во Ормускиот теснец се интензивира

Цените на нафтата се зголемија на меѓународните пазари на околу 73 долари, сигнализирајќи зголемена вознемиреност кај инвеститорите откако новиот бран ракети во Ормускиот теснец ги истакна ризиците за спроведување на американско-иранскиот договор

Андоновски од Политичкото собрание на ЕПП: Дигиталната трансформација е чекор кон ЕУ, но проширувањето мора да остане процес заснован на заслуги

Министерот за дигитална трансформација и меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски заедно со пратеничката Иванка Василевска се учесници на Политичкото собрание на Европската народна партија (ЕПП) во Виена. Андоновски денеска учествуваше на

Коњановски: Битола е дел од европскиот културен дијалог преку изложбата „Инспирации“

Тони Коњановски заедно со претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски присуствуваше на свеченото отворање на изложбата „Инспирации“, која преку внимателно избрани фотографии ги претставува трите европски градови носители на титулата
Go toTop