„САД не веруваат дека Израел прави геноцид во Газа“, изјави шефот на американската одбрана

April 10, 2024
1 min read

ВАШИНГОТ (АА) – САД не веруваат дека Израел прави геноцид во Појасот Газа, изјави вчера американскиот секретар за одбрана Лојд Остин, пренесува Анадолу.

„Немаме никакви докази за спроведување геноцид“, изјави Остин на сослушувањето во Сенатот за буџетските барања на Пентагон.

Остин повтори дека САД се посветени да му помогнат на Израел во одбраната на своите територии и народот со давање безбедносна помош.

Израел, обвинет за геноцид, започна немилосрдни воздушни и копнени напади на Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници по неочекуваниот напад од страна на Хамас на 7 октомври минатата година.

Во овие напади досега се убиени околу 33.360 Палестинци, вклучувајќи најмалку 14.280 деца и 9.340 жени, а повеќе од 75.993 се повредени во услови на масовно уништување и недостаток на неопходни средства за опстанок.

Израел воведе целосна блокада на Појасот Газа, оставајќи го неговото население, особено жителите на северна Газа, на работ на гладување.

Според Обединетите нации, израелската војна принуди 85 отсто од населението на Газа внатрешно да се расели, каде што постои и акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а 62 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој во јануари донесе привремена одлука со која на Тел Авив му е наложено да ги запре геноцидните активности и да преземе мерки за да се осигура давањето хуманитарна помош на цивилите во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Австрија во епицентарот на шпионски скандал

Следно

Ердоган упати бајрамска честитка до целиот исламски свет

Latest from Blog

Поранешни противници бараат помош од австралиската влада поради здравјето на Имран Кан: Ќе умре во затвор

Вчера, седум поранешни австралиски капитани во крикет ја повикаа министерката за надворешни работи на земјата, Пени Вонг, да интервенира дипломатски во врска со продолжениот притвор на поранешниот пакистански премиер, изразувајќи загриженост за
Go toTop