„Најди ме“, а не злоупотребувај ме!

April 10, 2024
1 min read

„Најди ме – Систем за рано предупредување за исчезнати деца“ итно ги алармира граѓаните со цел ако имаат некакви информации за исчезнувањето, веднаш да ги споделат. Вакви системи има во Европа и во САД, и во регионот. За три години во земјава исчезнале 74 деца.

Во ова издание на Зошто разговараме за таканаречениот Амберт алерт со Наташа Доковска, новинарка и Програмски директор на невладината организација „Новинари за човекови права“.

Фрапантно делува податокот дека за три години само во земјава исчезнале 74 деца?

„Постојано исчезнуваат деца, но сега е поголем интересот. Сега се шират информации за исчезнати и по социјални мрежи. Официјално во последниве години во земјава исчезнале 30- на деца за кои нема информации каде се. Повеќе исчезнуваат возрасни луѓе со деменција“.

Меѓутоа, загрижува фактот што, како што вели Доковска, има обиди за злоупотреби на„Најди ме“. На пример, девојка го пријавува момчето преку формулар на Најди ме, за исчезнато. Демек се шетале на планина и тоа паднало. Всушност тие раскинале а момчето воопшто не исчезнало. Е сега ние прашуваме дали е пријавен случајот во МВР, бидејќи замислете каков шок би било тоа да се објави за родителите или блиските на ова момче.

Има и други случаи, наведува Доковска, кога е пријавена госпоѓа за исчезната и после утврдуваме дека свекрвата ја пријавила снаата за исчезната а таа всушност се скарала со сопругот и заминала кај нејзината мајка.

Во поткастот Зошто, Наташа Доковска објаснува и како функционира системот на „Најди ме“, соработката со полицијата, со банка, со таксисти, аеродромот кои објавуваат информации за исчезнати лица откако ќе се добие официјална потврда за случајот.

Бидејќи често се открива или претпоставува дека исчезнатите се надвор од границите македонското „Најди ме“ е има воспоставено соработка со регионот и на европско ниво?

Праксата е аларми за широко алармирање на јавноста за исчезнати лица да се покренуваат само во случај кога имаме киднапирање, односно висок ризик по животот на исчезнатото лице.

Поткаст „Зошто“ на Зоран Ќука со Наташа Доковска

Поткаст „Зошто“ на Зоран Ќука со Наташа Доковска

Децата се приоритет заради ранливоста, но системот ќе биде достапен и за сите случаи на исчезнати лица во кои може да биде од помош.

Според податоците на „Амбер алерт Европа“, секоја година исчезнуваат по околу 100.000 деца во земјите од ЕУ.

Слушајте не, следете те го поткастот Зошто на Слободна Европа и на Спотифај, Јутјуб, Ејпл и Гугл поткаст. Кликнете на Зошто и давајте ни идеи и теми кои сакате да ги слушате, а ние ќе прашуваме преку нашите социјалните мрежи.

Извор: Радио Слободна Европа

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Надбискупот од Кентербери загрижен поради Палестинката што ја одвеле израелските сили

Следно

Американската сојузна држава Аризона ги забрани речиси сите абортуси, Бајден ја осуди одлуката

Latest from Blog

Усвоено: Путин ќе може да нападне која било земја во светот? СО ВОЕНА ИНТЕРВЕНЦИЈА ЌЕ ОСЛОБОДУВА РУСИ ПРИВЕДЕНИ ВО СТРАНСТВО

Во среда, рускиот парламент донесе закон со кој му се дозволува на претседателот Владимир Путин да нареди инвазија на странски земји. Според законот, Москва законски ќе може да испраќа војници во странство

На Клиниката за хематологија нема недостиг на лекови и терапија

Министерството за здравство ги демантира информациите кои се појавија во дел од медиумите за „колапс на Клиниката за хематологија“. „Во врска со објавите со наслов „Пациенти алармираат за колапс на Клиниката за

Икер Касиљас: Не го сакам Мурињо во Реал Мадрид!

ФОТО:facebook.com/SLBenfica/ Легендата на Реал Мадрид, Икер Касиљас, верува дека Жозе Мурињо не е најдобрата опција за нов тренер на клубот. “Специјалниот“ е пред враќање на „Бернабеу,“ а веста се очекува да биде

Повреденото дете во училиште во Ченто е во стабилна, но се уште критична здравствена состојба

Деветтооддленецот кој вчера беше прободен со нож во основното училиште „22 ноември“ во Скопје од поранешен ученик е стабилизиран, но и натаму е под постојан лекарски надзор. Од Ургетниот центар велат дека
Go toTop