(ВИДЕО) Улицата „Самуилова“, која води до гробот на Делчев, од вечерва блокирана за сообраќај

February 2, 2023
1 min read

Како што беше најавено од Министерството за внатрешни работи (МВР), улицата „Самуилова“, која води до црквата „Св. Спас“, од вечерва е блокирана за сообраќај

Блокирањето на улицата, заедно со полициското обезбедување на црквата во чиј круг почива револуционерот Гоце Делчев, е дел од засиленото полициско обезбедување во пресрет на одбележувањето на годишнината од раѓањето на великанот

Улицата „Самуилова“, во подножјето на Скопското кале, од вечерва е блокирана за сообраќај.

Оваа улица, која води до црквата „Св. Спас“ во Старата скопска чаршија, а во чиј круг се наоѓа гробот на Гоце Делчев, до попладнево беше проодна, но при обиколката што претходно денеска ја направи екипата на „360 степени“ евидентно беше оти таа ќе биде затворена за сообраќај подоцна во текот на денот.

Дека улицата од попладнево ќе биде затворена, денеска потврдија и од Министерството за внатрешни работи.

Според најавите на Министерството, од денеска, на два дена пред одбележувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, улицата „Самуилова“, која се наоѓа пред црквата „Св. Спас“, ќе биде блокирана на потегот од улицата „Иљо Војвода“ до крстосницата со „Прохор Пчињски“.

В сабота, пак, по улиците „Лазар Личеновски“ и „Самуилова“ ќе се вози само под посебен сообраќаен режим.

Блокирањето на улицата, заедно со полициското обезбедување на црквата во чиј круг почива револуционерот Гоце Делчев, е дел од засиленото полициско обезбедување во пресрет на одбележувањето на годишнината од раѓањето на великанот.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Спасовски: Нема да дозволиме да се наруши достоинството, ниту од македонски ниту од бугарски државјани

Следно

Суд во Њујорк одобри конфискација на имотот на рускиот олигарх Малофеев

Latest from Blog

Синот на Никола Саркози и неговата сопруга со црногорско потекло станаа родители

Тој објави фотографија од својата сопруга Натали како го држи новороденчето во раце во породилното одделение. Заедно со фотографијата, која собра речиси 17.000 лајкови за само неколку часа, тој го откри и

Цвијановиќ: Кризата во БиХ ја предизвика Шмит со недејтонски и неуставни потези

Српската членка на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељка Цвијановиќ, денеска изјави дека ситуацијата во БиХ – за која високиот претставник за таа земја, Кристијан Шмит, поднесе извештај пред Советот за безбедност

Атлетико се враќа триумфално од Андалузија

За само едно полувреме, Атлетико (М) ја оствари петтата победа сезонава во Ла Лига и остана во ТОП 4 на табелата. Вечерва на тешкото гостување во Андалузија, тимот на „јорганџиите“ славеше со
Go toTop