Една од сестрите Хадид основа палестинска филмска компанија

April 9, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Модната дизајнерка Алана Хадид, сестра на палестинско-американските манекенки Бела и Џиџи Хадид, отвори компанија за производство и дистрибуција на филмови наречена „Ватрмелон Пикчрс“ (Watermelon Pictures), јавува Анадолу.

Категоризирана како „независна палестинска компанија за дистрибуција на филмови, производство и финансирање“, таа се стреми да промовира културна застапеност, да се залага за општествени каузи и да го подигне гласот на филмските продуценти што често се занемаруваат на глобално ниво.

„Предолго бевме погрешно претставени, злоупотребувани, затворени. Вака нè прикажа Холивуд. Приказните што ги раскажуваа за нас ги поттикнаа нашето отуѓување и нашето угнетување. Но тоа не сме ние. Ние сме нашата култура, нашата историја, нашата отпорност, нашите заедници. Ние сме наши приказни што се вклучуваат во вековната традиција на раскажување приказни и заслужуваат да бидат видени од светот. Затоа лансираме филмска етикета во палестинска сопственост, вкоренета во креативниот отпор“, соопшти компанијата на Инстаграм.

„Ветува дека ќе се погрижи отсега Палестина да биде видена, од реката до екранот“, се додава.

Дебитантскиот филм на „Ватрмелон Пикчрс“ ќе биде „Волд Оф“ („Walled Off“), документарен филм за хотелот „Волд Оф“ во Витлеем, кој е управуван од Палестинци и дизајниран од познатиот британски уличен уметник Бенкси.

За документарецот, кој е продуциран заеднички, продонесе и Анвар Хадид, брат на Алана Хадид, познат по неговите различни улоги како модел и во областа на американско-палестинската музика, заедно со Роџер Вотерс од Пинк Флојд и Квеку Мандела, внук на поранешниот јужноафрикански претседател Нелсон Мандела.

Мухамед Хадид, таткото на Џиџи и Бела, е роден во Назарет, Израел но побегнал во Сирија и се преселил во САД кога бил тинејџер.

Сестрите Хадид јавно ја изразија својата поддршка за Палестина, соочени со критики од нивните обожаватели, а неколку бренда ја прекинаа соработката со нив поради нивниот пропалестински став.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вучиќ од Париз: Очекувам за два месеца потпишување договор за купување на за авините „Рафал“

Следно

Паѓаат глобалните рекорди: „Периодот во кој моментално живееме веројатно ќе биде најтоплиот во последните 100.000 години“

Latest from Blog

Божиновска најавува модернизација и регионални партнерства за енергетска стабилност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес на Зимското собрание на EDS зборуваше за енергетската безбедност како тема која веќе не е само за експерти, туку за секој граѓанин.

Ристовски најави: 438.000.000 денари поддршка за македонскиот спорт

Македонскиот спорт ќе добие 438.000.000 денари поддршка од државата соопшти министерот за спорт Борко Ристовски во своето обраќање на денешното редовното годишно Собрание на Ракометната федерација на Македонија (РФМ). – После субвенциите

Бастони и кажа “ДА“ на Барса!

ФОТО:facebook.com/Inter Еден од најдобрите дефанзивци во светот и еден од најдобрите фудбалери на Интер и селекцијата на Италија, се сели во Ла Лига. Алесандро Бастони, ги прифати сите услови понудени од Барселона
Go toTop