Костадиновска – Стојчевска и Агелер во Хераклеја: Имаме уникатно богатство на чија заштита посветено работиме

February 2, 2023
1 min read

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска и амбасадорката на САД во нашата држава, Анџела Агелер денеска остварија средба во Хераклеја во Битола, каде беше претставен проектот за конзервација и презентација на мозаиците и архитектурата на локалитетот.

За овој проект, како што соопшти министерката Костадиновска Стојчевска на Фејсбук, беше обезбеден грант од Амбасадорскиот фонд за заштита на културното наследство на САД.

Костадиновска Стојчевска на средбата упатила благодарност до амбасадорката Агелер за стратегиското пријателство меѓу Соединетите Американски Држави и нашата држава, за грижата и солидарноста на американскиот народ, кој преку Амбасадорскот фонд во континуитет учествува во заштитата на македонските културни богатства за идните генерации што доаѓаат.

Културата и културното наследство зборуваат за нашиот национален идентитет, тие се првиот, највидлив репрезент на државава пред секој намерник во нашата земја. Имаме уникатно богатство на чија заштита посветено работиме, пишува министерката на Фејсбук.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Два дена пред одбележување на раѓањето на Гоце Делчев: „Самоилова“ е затворена за сообраќај

Следно

Супервештачењето за „Ласкарци“ за обвинителот занемарило важни докази, за оштетените е пропаднат обид да одговара само возачот

Latest from Blog

Ѓурѓај му ја врачи наградата “Илинден” на претседателот на ФУЕН, Винце

Почесната награда ”Илинден” за 2025 година и беше доделена на Федералната унија на европските националности за заложбите и поддршката што ја дава за Македонците во Албанија. -Огромна чест ми беше во име

Димитриева: Време е за промени во Демир Капија, доволно беа овие осум години со водоводи кои не функционираат, улици кои се распаѓаат, затоа гласајте за бројот 9

Наталија Димитриева, кандидат за градоначалник за општина Демир Капија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати на денешниот настан одржан во општината, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“,
Go toTop