Советот за човекови права на ОН бара Израел да биде повикан на одговорност за можните воени злосторства во Газа

April 5, 2024
1 min read

ЖЕНЕВА (АА) – Советот за човекови права на Обединетите нации денес усвои резолуција со која се повикува Израел да одговара за можните воени злосторства и злосторствата против човештвото извршени во Појасот Газа, јавува Анадолу.

Резолуцијата, исто така, бара запирање на продажбата на оружје за Израел, нагласувајќи ги предупредувањата за „геноцид“ во неговата војна против Газа.

Советот за човекови права што е составен од 47 земји гласаше 28 спрема 6 за резолуцијата, а 13 беа воздржани.

Аргентина, Бугарија, Германија, Малави, Парагвај и САД гласаа против предлогот поднесен од Пакистан во име на Организацијата за исламска соработка.

САД и Германија рекоа дека предлогот нема никаква осуда на Хамас кој започна напад врз Израел на 7 октомври.

Белгија, Финска и Луксембург го поддржаа предлогот.

Меирав Ејлон Шахар, амбасадор на Израел во ОН во Женева, ја опиша резолуцијата како „дамка за Советот за човекови права и за ОН како целина“.

Амбасадорката на САД Мишел Тејлор рече: „Премногу цивили се убиени во овој конфликт и секоја смрт на цивил е трагедија“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Фини“ кандидати, валкани ботови

Следно

Откриена радијација во рускиот град Хабаровск

Latest from Blog

Чуда се случуваат: Андора има клуб во главната фаза на КЛ, жртви се Ардијан Нухиу и Дрита!

фото: Federació Andorrana de Futbol @Fedandfut (X) Во Конференциската лига вечерва вистинско чудо направи Интер Ескалдес од Андора, кој на пенали успеа да го елиминира косовскиот преставник Дрита. По оние 2:2 на

Официјално: Трамп го смени името на езерото Онтарио, за инаeт на Канаѓаните (ВИДЕО)

Трамп ја потпиша наредбата во услови на зголемени трговски тензии меѓу САД и Канада, објави Ројтерс. Тој претходно изјави дека размислува за промена на името на големото езеро пред денеска да ја
Go toTop