„Фини“ кандидати, валкани ботови

April 5, 2024
3 mins read

Етичкиот кодекс за однесување во кампањата кој започна вчера за избор на претседател на државата го потпишаа шестмина од седумтемина кандидати. Единствено кандидатот на ГРОМ Стевчо Јакимовски не го потпиша бидејќи веќе се чувствувал дискриминиран, но рече ќе го почитува. Останатите меѓу другото се обврзаа:

„ Нема да користат говор на омраза и нема да вршат никаква дискриминација и омаловажување врз основа на пол преку своето делување и со своите активности ќе учествуваат во зацврстување на фундаменталните вредности на демократијата и придонесуваат за градењето на довербата во изборниот систем“, пишува во кодексот.

Пред стартот на кампањата и за „Парламентарните избори 2024’ се очекува на истото да се обврзат и политичките партии.

Но, според оценката на Институтот за комуникациски студии (ИКС) кој веќе неколку месеци врши мониторинг на нивните сајтови и Фејсбук профили штетните наративи веќе доминираат.

Во извештајот за јануари и февруари се вели дека со наближувањето на датумот на избори зачестено користат остар јазик со емотивен набој, а најголемите партии се и најголеми сејачи на токсични наративи.

„Мислам дека трендот кој го нотиравме изминатите шест месеци ќе се засили и ќе имаме „валкана“ кампања, токсична атмосфера полна со меѓусебни обвинувања, празни флоскули кои звучат убаво и многу штетни наративи. Слушнавме дека сите партии, нивните лидери и кандидати се декларативно за чиста кампања која ќе се фокусира на предлози и решенија за проблемите кои ни се секојдневие. Но, за жал, она што го гледаме последните денови е дека партиите едно потпишуваат, друго кажуваат на нивните прес конференции и одат според народната „не ме гледај што правам, слушај ме што зборувам“, вели Жанета Трајкоска, Институт за комуникациски студии.

Според неа важно е во овој процес, медиумите да ја одиграат својота улога на заштитник на јавниот интерес и на граѓаните. Ова се постигнува со објавување на факти и информации, а не едноставно пренесување на партиските пораки во своите содржини, вели Трајкоска.

Не ме гледај што правам, слушај ме што зборувам

Ако се прелистаат официјалните страници на партиите и кандидатите за претседатели, валкана кампања речиси и да нема. Дел од нив како што е на пример ВМРО ДПМНЕ во спотовите истакнува дека „нема да водиме црна кампања против СДС и Стево“, но како што велат ќе ја остават јавноста да суди. Па така во истиот видео спот даваат монтирани исечоци од однесувањето на нивниот противкандидат Пендаровски.

Од друга страна СДСМ на својата официјална фејсбук страница објавува видео со наслов „Аман од старците, Силјановска пензионерите ги нарекува Мапет шоу“ во кое дава исечок од интервју на нивната противкандидатка.

Онлајн видеа за Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова со негативен контекст

Онлајн видеа за Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова со негативен контекст

Сепак преовладува промоцијата на сопствената програма и идеите кои ги имаат како да ја добијат довербата на гласачите. Но, социјалните мрежи се преполни со профили и страници зад кои официјално не се знае кој стои, но токму од таму доаѓа и говор на омраза и негативна кампања.

За политичкиот аналитичар Бесим Небиу црната кампања станува „дежаву“ и не ги импресионира најголемиот дел од гласачите.

„Очигледно е дека има партиски операции особено на социјалните медиуми кои користат сурогати, ботови, лажни профили. Тоа систематски трае и тоа во принцип го има во сите земји каде има изборни процеси, но интензитетот и големината е неспоредлива со ова што се случува во моментов. Партиите би ни направиле поголема услуга ако се концентрираат на програмите, наместо толку ресурси да користат за овој тип а кампања“, вели Небиу.

Според Марко Трошановски од Институтот за демократија веќе по билборди и медиуми може да се забележи меѓусебни оцрнувања особено во македонскиот блок, но и од неидентификувани профили по социјални медиуми, за кои пак остава простор дека можеби се и од надворешен фактор.

„Главната битка во црна кампања дефинитивно ќе се води на социјални мрежи бидејќи не постои одговорноста, каде се ослободени сите најдолни страсти на општеството. Но, не секогаш се создадени од домашни политички центри, туку се дел од хибридната војна која е насочена кон Балканот. Надворешни страни дополнително ги засилуваат, затскриени зад наводно домашни автори, а со цел да ја срушат социјалната кохезија. Тогаш немате општество и немате ни држава“, вели Трошановски.

Сепак според аналитичарите, праксата покажала дека црната кампања ги пасивизира неопределените гласачи и ја намалувања излезноста на изборите. Со ова битката се води само меѓу партиските поддржувачи.

Пракса која се повторува

Речиси секои избори извештаите на набљудувачките мисии се полни со тоа дека се водела негативна кампања и препораките се да се престане со оваа пракса. На последните локални избори кои се одржаа во 2021 година ОБСЕ (ОДИХР) посочи и дека партиите имаат нерамноправна распределба на ресурсите потребни за кампања. Годинава од таму најавија дека дополнително ќе се анализира дали претходните препораки на ОБСЕ/ОДИХР се имплементирани во измените на Изборниот законик.

„Имаме клучен тим од 12 меѓународни експерти во Скопје од 12 земји членки на ОБСЕ. Станува збор за многу разновидна група. Имаме и други експерти кои работат на изборната администрација, правната рамка, политичката средина, кампањата, политичкото финансирање, финансирањето на кампањата и медиумите“, рече Стирк.

Прелиминираен извештај ќе биде објавен на 9 април. Два месеци по изборите, ОБСЕ/ОДИХР ќе излезе со конечен извештај.

Извор: Радио Слободна Европа

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Тошковски: Безбедноста состојба во државата е стабилна

Следно

Советот за човекови права на ОН бара Израел да биде повикан на одговорност за можните воени злосторства во Газа

Latest from Blog

Холандските обвинители работат на блокирање на извозот на делови за авионите Ф-35 во Израел

ХАГ (АА) – Главниот обвинител на холандскиот Врховен суд побара одобрување на одлуката на Апелациониот суд за стопирање на извозот на делови за борбените авиони Ф-35 во Израел, се вели во официјалното

Во тешка сообраќајка загина Живко Пејковски, поранешен пратеник

Во сообраќајна незгода денеска загина Живко Пејковски, поранешен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен директор на затворот „Идризово“. Веста за неговата смрт ја потврди и неговиот син преку објава на социјалните

Фетаи: Неселективна и примерна правда за кривични дела говор на омраза и нетрпеливост

Потпретседателот на Владата на Македонија, одговорен за политиките на добро владеење, Арбен Фетаи, денеска го осуди палењето на македонското и албанското знаме, опишувајќи ги како кукавички чинови, кои сведочат за опасниот раст

Скаловски: Институтот за родови студии е во алармантна состојба поради недостаток на кадар

Семејното насилство, фемицидите и дискриминациите, во отворена или камуфлирана форма, и натаму опстојуваат за жал, и тоа е и светски тренд. Но тоа не смее да биде оправдување за да се откажеме

Заврши амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2025 година

Собраниската Комисија за финансирање и буџет вечерва го заврши претресот на амандманите по Предлог-буџетот за 2025 година. По амандманската расправа, како Дополнет предлог-буџет документот се враќа во Владата на финално одобрување по
Go toTop