Изборни слогани секој за своите

April 4, 2024
2 mins read

„Храбро за Македонија“ на Стевчо Јакимовски, „Европски претседател“ на Бујар Османи, Гордана Силјановска – Давкова со „Македонија повторно горда“, „Нашиот претседател Стево“ на Пендаровски, „Таравари за претседател“, „Максимум за Македонија“ на лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски и „Го враќаме достоинството на нацијата“ на кандидатката на Левица, Билјана Ванковска се носечките политички слогани на кандидатите во трка за претседателската функција.

Со стартот на кампањата, седумтемина кандидати од денеска го започнуваат и карванот за претставување на нивните програми и заложби пред гласачите.

Иако до кампањата за парламентарните избори има уште нецели две недели (18 април), веќе се презентирани и некои од слоганите на партиите и нивните коалиции.

СДСМ ќе настапи со слоганот „Нема откажување од иднината“, ВМРО-ДПМНЕ со „Македонија повторно твоја! – промените во твои раце“, опозициската албанска коалиција „Вреди“ со „Промената вреди“.

Стагнација во креативноста

Од комуниколошки аспект, моќниот слоган може да резонира кај гласачите и треба да ги пренесе клучните точки од платформата на кандидатот. Но, според комуниколозите, слоганите со кои коалициите и претседателските кандидати се обраќаат кон граѓаните се редундантни – повторувајќи пораки што веќе се познати.

Слогани на претседателски кандидати за избори 2024 година

Слогани на претседателски кандидати за избори 2024 година

Од лингвистички аспект, комуникологот Сеад Џигал оценува дека слоганите се излезени од веќе постоечки политики – односно не претставуваат нова политика, програма или некоја драстична промена.

„Целта е да се етаблира, зацврсти и позиционира својата позиција наспорти другите – односно позитивноста на нашата политичка опција кон штетните ефекти на противничката“, вели Џигал.

Во однос на инвентивноста, Џигал вели дека слоганите немаат некаква вредност, но смета дека се добро дизајнирани за да комуницираат со своето гласачко тело и да ги насочат постоечките наративи кон самата кампања.

„Во таа смисла, овие слогани се функционални, ги отсликувааат нивните политички реторики и клучните наративи во кампањата. Пред се се насочени кон нивното сопствено гласачко тело, а поширок кампањски ефект кон неопределените туку и другите граѓани е полимитиран“, изјави Џигал за РСЕ.

Етноцентристички и ЕУ пораки

За разлика од слоганите на претседателските кандидати, оние на партиите и коалициите за парламентарните избори носат поконкретна содржина.

Слогани на политички партии за избори 2024 година

Слогани на политички партии за избори 2024 година

„Нема откажување од иднината“ на СДСМ и Коалицијата за европска иднина ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата со слоганот „Македонија повторно твоја! – промените во твои раце“ е судир на два концепти, смета комуникологот Сефер Тахири.

Тахири анализира дека слоганот на владејачката и коалиционите партнери ги промовира европските вредности и интеграции кон Европската унија како единствена можна алтернатива за развој на иднината на државата.

Од друга страна, за опозицијата во албанскиот и македонскиот блок, промовира заштита и одбрана на етничкиот идентитет.

„ВМРО-ДПМНЕ е десноориентирана партија и природно е да се очекува да се повикува на македонските национални и етнички интереси, такви се и слоганите и концептите. Од една страна имаме европски фронт, а од ВМРО-ДПМНЕ и албанската опозиција се нуди концепт на промени во смисла на реформирање на системот во земјава. Идејата е да се покаже дека елитата на СДСМ односно власта на некој начин ја земале Македонија во своите раце и реализирале партиски и клановски интереси, а ВМРО-ДПМНЕ кога ќе дојде на власт ќе ги стави во преден план интересите на народот. Мислам дека тој звучи доста популистички, но е очекувано“, вели Тахири.

Ваквите спротивставени наративи само дополнително ќе ги продлабочат разликите во политичка смисла и нема да влијаат ништо да се смени, смета Џигал.

„Власта и со слоганот и со наративите за кампањите оди на таа опција дека иднината со неа е сигурна, безбедна, предвидлива и просперитетна, за разлика од опозицијата која оди на тој сентимент враќање на гордоста, достоинството, суверенитетот, државата и граѓаните“, вели Џигал.

Кампањата за претседателските избори започна на 4 април и ќе трае до 22 април, кога почнува предизборниот молк кој трае до 24 април – денот на гласањето. Изборната кампања за парламентарните избори, пак, почнува на 18 април и ќе трае до 6 мај.

За изборите за претседател на државата запишани се 1.814.317 избирачи, додека за парламентарните избори запишани се вкупно 1.815.350 избирачи во Избирачкиот список, информираа од Државната изборна комисија (ДИК).

Извор: Радио Слободна Европа

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

САД се противат на напорите на Палестина да стане членка на ОН

Следно

Мадуро усвои закон за анексија на дел од соседна Гвајана

Latest from Blog

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до

По иницијатива на Ѓурѓај профункционира првиот национален онлајн медиум minoritete.al (малцинства.ал)

По иницијатива и залагање на претседателот на македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, профункционира платформата minoritete.al (малцинства.ал), чија цел да биде заеднички глас, простор каде се одразуваат животот, културата, идентитетот и правата на

Петрушевски: Kолата на Апасиев културно пропуштена од денешните блокирачи

Ова е колата на Апасиев, културно пропуштена од денешните блокирачи и некултурно паркирана на паркингот на Собранието, пишува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски. -Ако некој сè уште се сомнева во политичката позадина

Град Скопје го расчистува просторот во Градскиот парк за изградба на нов Луна парк

Град Скопје започна со уредување на просторот во Градскиот парк за изградба на нов Луна парк, информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Старите, бесправно изградени дискотеки се отстрануваат за да се создаде безбеден и

Неверојатно: Во Виетнам се гради најголемиот стадион во светот за 135.000 гледачи!

ФОТО: X Звучи неверојатно, но така е. Виетнам треба да биде домаќин на најголемиот спортски стадион во светот. Изградбата на монументалниот објект „Чонг Донг“ започна во декември, со амбиција да се отвори
Go toTop