Израел уби повеќе хуманитарни работници за 6 месеци во Газа отколку што загинаа во светот во последните 30 години

April 4, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Израел уби повеќе хуманитарни работници за 6 месеци во Појасот Газа отколку што загинаа во светот во последните 30 години, се наведува во извештајот на Базата на податоци за безбедноста на хуманитарните работници (AWSD), известува Анадолу.

Откако Бригадите Ал-Касам, военото крило на Хамас, започнаа напад на 7 октомври минатата година, најмалку 203 хуманитарни работници се убиени во израелските напади, се наведува во извештајот.

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, рече дека ситуацијата е „несовесна“.

Минатата недела Гутереш изрази загриженост поради постојаното попречување на хуманитарните работници на ОН да ја извршуваат својата должност во опколениот Појас Газа, особено во северните делови на палестинската енклава.

Американската хуманитарна организација за храна Светска централна кујна (СЦК) потврди дека 7 нејзини хуманитарни работници се убиени во израелскиот напад изведен во понеделникот во Појасот Газа.

Хуманитарните работници биле државјани на Австралија, Полска, Велика Британија и Палестина, како и едно лице со двојно државјанство на САД и Канада.

ОН соопштија дека го прекинуваат ноќното движење на својот персонал најмалку 48 часа по нападот.

Портпаролот на германското МНР, Себастијан Фишер, рече дека Берлин „очекува од израелската Влада да ги приспособи своите операции за цивилите да бидат подобро заштитени, а тоа, се разбира, особено се однесува на жените и мажите од хуманитарната помош“.

„Израелската Влада мора брзо и темелно да го истражи овој ужасен инцидент“, напиша Аналена Баербок, министерката за надворешни работи на Германија, на социјалната мрежа Х.

Канада го осуди нападот врз хуманитарните работници на СЦК и побара целосна истрага.

Ентони Албаниз, премиерот на Австралија, побара одговорност од Израел во врска со инцидентот.

„За смртта на хуманитарните работници, што е потполно неприфатливо, Австралија очекува целосна одговорност“, рече Албаниз.

И САД го повикаа Израел брзо да спроведе истрага.

„Хуманитарните работници мора да бидат заштитени додека ја доставуваат помошта што е очајно потребна“, изјави Адриен Вотсон, портпаролката на Советот за национална безбедност на Белата куќа.

Полска побара објаснение од Израел поради смртоносниот напад врз хуманитарните работници, од кои еден беше полски државјанин.

Анджеј Шејна, заменик-министерот за надворешни работи на Полска, изјави: „Министерот Радослав Сикорски веднаш контактираше со израелскиот амбасадор и побара објаснување.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Заврши штрајкот на грчките цариници, од утрово нормализирано влегувањето во Грција

Следно

Стотици илјади лица во САД останаа без електрична енергија поради силно невреме

Latest from Blog

Сепак нема да има „последен танц“ за водечкиот стрелец на уругвајската репрезентација!

Напаѓачот на Интер Мајами, Луис Суарез (39), нема да биде вклучен во уругвајската репрезентација за Светското првенство во САД, Канада и Мексико ова лето. Ова го објави познатиот уругвајски новинар Родри Васкез

Николоски: Заврши големиот проект за модернизација на болницата „8-ми Септември“

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, соопшти дека е завршена целосната реконструкција и надградба на болницата „8-ми Септември“, проект вреден 12 милиони евра реализиран во соработка меѓу Владата и

Отворен повик за универзитетска летна пракса во Општина Битола

Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола како дел од европската алијанса на универзитети КОЛОРС и Општина Битола, како асоциран партнер, трета година по ред објавуваат повик за зајакнување на капацитетите на студентите на

Комерцијална банка, Алкалоид и Македонски Телеком најтргувани; МБИ10 падна за 0,66%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 13.05.2026, индексот МБИ10 изнесуваше 9.838,33 поени, со дневен пад од 0,66%, односно – 65,54
Go toTop