За Ковачевски претседателот Пендаровски има капацитет да победи, Мицкоски смета дека Силјановска ќе го надомести она што е пропуштено во изминатите пет години

April 3, 2024
1 min read

Лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски вечерва во дуелот со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Само вистина на Канал 5, кажа дека претседателот Стево Пендаровски има капацитет да однесе победа, додека Мицкоски, пак, оцени дека нивната кандидатка Гордана Силјановска-Давкова, ќе го надомести она што е пропуштено во изминатите пет години во мандатот на Пендаровски.

-Во СДСМ сме убедени дека ќе ја добиеме довербата на граѓаните да ја формираме следната проевропска Влада на Македонија, а Стево Пендаровски ќе биде повторно избран за претседател на државата – бидејќи имаме многу јасна визија и многу јасен план за еврппската иднина на државата којшто се темели на храбри одлуки и на јасна визија и јасен план како тоа да го направиме, рече Ковачевски на прашањето на новинарот каков претседател и треба на земјава.

Мицкоски кажа дека неговата партија смета дека „тоа што го изгуби Македонија изминативе пет години додека Стево Пендаровски беше претседател ќе го надокнадиме многу брзо во следните пет години кога Гордана Силјановска Давкова ќе биде претседател на Македонија“.

-Тој е склон да озборува, нешто што не би требало да прави еден претседател. И најчесто тоа покрај тоа што го прави со политичките противници, го прави и со највисокото раководство на партијата која што го предложила да биде претседател. И мислам дека Македонија тоа што го изгуби изминативе пет години додека Стево Пендаровски беше претседател ќе го надокнадиме многу брзо во следните пет години кога Гордана Силјановска Давкова ќе биде претседател на Македонија, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: alsat.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: „Борба“ на плашлив златен ретривер и брановите која ќе ве насмее

Следно

Шпаркасе Банка со двајца нови членови на Управниот одбор – Златица Цивкароски и Александар Џорџевиќ

Latest from Blog

Сепак нема да има „последен танц“ за водечкиот стрелец на уругвајската репрезентација!

Напаѓачот на Интер Мајами, Луис Суарез (39), нема да биде вклучен во уругвајската репрезентација за Светското првенство во САД, Канада и Мексико ова лето. Ова го објави познатиот уругвајски новинар Родри Васкез

Николоски: Заврши големиот проект за модернизација на болницата „8-ми Септември“

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, соопшти дека е завршена целосната реконструкција и надградба на болницата „8-ми Септември“, проект вреден 12 милиони евра реализиран во соработка меѓу Владата и

Отворен повик за универзитетска летна пракса во Општина Битола

Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола како дел од европската алијанса на универзитети КОЛОРС и Општина Битола, како асоциран партнер, трета година по ред објавуваат повик за зајакнување на капацитетите на студентите на

Комерцијална банка, Алкалоид и Македонски Телеком најтргувани; МБИ10 падна за 0,66%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 13.05.2026, индексот МБИ10 изнесуваше 9.838,33 поени, со дневен пад од 0,66%, односно – 65,54
Go toTop