Зеленски потпиша закон со кој старосната граница за регрутација се намалува од 27 на 25 години

April 3, 2024
1 min read

КИЕВ (АА) – Украинскиот претседател Владимир Зеленски синоќа потпиша закон со кој се намалува старосната граница за регрутација од 27 на 25 години, јавува Анадолу.

Законот е ажуриран на веб-страницата на Врховната Рада, украинскиот Парламент, а првично беше испратен до Зеленски за потпишување на 5 јуни 2023 година.

Врховната Рада го усвои споменатиот закон на 30 мај.

Законот официјално ќе стапи на сила од денес.

Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации (ОН), Волкер Турк, објави дека во Украина, каде што продолжува војната со Русија, загинале повеќе од 10.500 цивили, а над 20.000 луѓе се повредени.

„Се плашам дека светот се навикна на оваа криза“, рече Турк.

Руско-украинската војна започна во февруари 2022 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сопствениците на Формула 1 го купуваат и МОТО ГП шампионатот

Следно

(Видео) Разорен земјотрес го погоди Тајван – има загинати и голем број повредени

Latest from Blog

Поранешни противници бараат помош од австралиската влада поради здравјето на Имран Кан: Ќе умре во затвор

Вчера, седум поранешни австралиски капитани во крикет ја повикаа министерката за надворешни работи на земјата, Пени Вонг, да интервенира дипломатски во врска со продолжениот притвор на поранешниот пакистански премиер, изразувајќи загриженост за
Go toTop