Гвардиола: Сакам да ги критикувам играчите пред камерите

April 2, 2024
1 min read

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола пред натпреварот со Астон Вила го пофали тренерот на тимот од Бирмингем, Унаи Емери.

„Граѓаните“ во последното коло одиграа нерешено со Арсенал 0:0, и сакаат да се вратат на победничкиот колосек. Моменталната ситуација е таква што Манчестер Сити ја „брка“ предноста на Ливерпул и второпласираниот Арсенал.

-Астон Вила игра одлично. Унаи Емери беше константен оваа сезона. Вила под Емери не ме изненадува. Тие се импресивни. Тие се добри во паузи и транзиции. Затоа се таму каде што се, изјави Пеп Гвардиола, пред мечот со Вила.

Потоа Гвардиола отворено проговори за критиките на Џек Грилиш по мечот со Арсенал, кои ги снимија камерите.

-Тоа го правам пред камери бидејќи така го хранам моето его. Јас сум најпознатата личност во тимот ако сум пред камерите. Секогаш се трудам да ги критикувам играчите за да се чувствуваат лошо. И сите комплименти секогаш одат на моја сметка, а не на нивна, саркастично изјави Гвардиола.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Димитровски за ТВ 24: Претседателските кандидати се во сенка и се предигра на парламентарните избори

Следно

ШТО КЕЈТ (НЕ)СМЕЕ ДА ЈАДЕ ВО ТЕКОТ НА ЛЕКУВАЊЕТО НА КАНЦЕРОТ: Превентивната хемотерапија бара драстични промени во начинот на живот

Latest from Blog

Коњановски: Битола е дел од европскиот културен дијалог преку изложбата „Инспирации“

Тони Коњановски заедно со претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски присуствуваше на свеченото отворање на изложбата „Инспирации“, која преку внимателно избрани фотографии ги претставува трите европски градови носители на титулата

Ердоган: Очекуваме единството на алијансата да биде нагласено на самитот на НАТО

Тој повика на укинување на ограничувањата за трговија со оружје и воена опрема и на Анкара да ѝ биде дозволено да учествува во иницијативи за зајакнување на европската безбедност, објави Ројтерс. Анкара

Проданоски им оддаде признание на учениците за филмот „Девојките на Марко“

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, оствари средба со членовите на драмската секција „Слободно театарче“ при СОУ „Ѓорче Петров“, при што им оддаде признание за нивната посветеност и успехот со реализацијата на долгометражниот
Go toTop