Седуммина повредени во украински напад со дрон на рускиот регион Татарстан

April 2, 2024
1 min read

МОСКВА (АА) – Најмалку седум лица се повредени, од кои две деца, во украинскиот напад со дрон на рускиот регион Татарстан, пренесува Анадолу.

Руската државна новинска агенција ТАСС објави дека службите за вонредни ситуации навеле дека нападот е изведен на комплексот на индустриски и производни објекти во Посебната економска зона Алабуга, оддалечена 210 километри од Казањ, главниот град на регионот.

Според повеќе локални извештаи, во нападот биле погодени неколку објекти, а службите за итни случаи се справуваат со последиците од нападот.

Алабуга е најголема и најуспешна Посебната економска зона од индустриски и производствен тип во Русија, а на својата територија има неколку големи погони.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Осум дена голгота: Сите се осомничени во случајот со исчезнувањето на двегодишната Данка Илиќ

Следно

Шпанија планира да ја признае Палестина до јули

Latest from Blog

Поранешни противници бараат помош од австралиската влада поради здравјето на Имран Кан: Ќе умре во затвор

Вчера, седум поранешни австралиски капитани во крикет ја повикаа министерката за надворешни работи на земјата, Пени Вонг, да интервенира дипломатски во врска со продолжениот притвор на поранешниот пакистански премиер, изразувајќи загриженост за
Go toTop