На плажа во Мексико пронајдени телата на осуммина кинески мигранти

April 1, 2024
1 min read

АНКАРА (АА)

Телата на осуммина кинески мигранти се пронајдени во чамец што се превртил на брегот на мексиканската држава Оахака, јавува Анадолу.

Како што пренесува Си-ен-ен, државното обвинителство соопшти дека телата на мигрантите биле пронајдени на плажата во градот Сан Франциско дел Мар на 29 март.

Соопштено е дека мигрантите ја напуштиле државата Чиапас кон границата со Гватемала со чамец управуван од Мексиканец, но дека чамецот се превртил.

Се наведува дека еден Кинез од чамецот ја преживеал несреќата.

Загинаа осуммина кинески мигранти, од кои седум жени.

Многу години голем број нерегуларни мигранти се обидуваат да стигнат до САД преку Гватемала и Мексико од земјите од Централна Америка.

Според податоците на американската Влада за 2023 година, повеќе од 37.000 кинески државјани биле приведени од органите за спроведување на законот додека илегално преминувале од Мексико во САД.

Според податоците на Меѓународната организација за миграција (ИОМ), во периодот од јануари до ноември 2023 година повеќе од 2,2 милиони луѓе дошле на границата за да преминат во САД преку Мексико.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Полицијата денеска на депонијата кај Бањско поле: Потрагата по двегодишната Данка продолжува

Следно

Антивладините демонстранти во Израел поставија шатори пред парламентот

Latest from Blog

Шефот на Росатом предупредува дека ситуацијата во иранската нуклеарна централа Бушер се влошува поради нападите

Ситуацијата во иранската нуклеарна електроцентрала Бушер продолжува да се влошува, а нападите претставуваат директна закана за нуклеарната безбедност, изјави шефот на руската државна нуклеарна корпорација Росатом Алексеј Лихачев по уште еден напад

Каква е улогата на кокаинот во изјавите на СДСМ за бомбардирање на Македонија и паниката за лажните мигранти

По дебатата меѓу Јон Фрчкоски кој е директор на Центарот за анализа на СДСМ и Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ се поставува прашањето дали зад ширењето паника за мигранти од Велика Британија и

Коњановски: Битола е пример за интегритет и транспарентност

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на значаен состанок организиран од Националниот демократски институт (НДИ), посветен на зајакнување на интегритетот на институциите и борбата против корупцијата на локално ниво. Настанот се
Go toTop