Драма во Брисел: Европски истражители ги чешлаат пораките меѓу Урсула фон дер Лајен и шефот на Фајзер!

April 1, 2024
1 min read

Европското јавно обвинителство (ЕППО) во моментов ја чешла внатрешната кореспонденција меѓу шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и шефот на фармацевтската компанија Pfizer, Алберт Бурле, пренесува Politico.

Станува збор за случај што беше инициран во Лиеж на почетокот на 2023 година од страна на 36-годишниот белгиски лобист, Фредерик Балдан, поради сомневање за „злоупотреба на јавна функција, судир на интереси и корупција“.

И покрај тоа што деталите за самиот случај се обвиткани во тајност, бидејќи истрагата сѐ уште е во тек, добро упатени извори кои под услов да останат анонимни биле подготвени да откријат на редакцијата на Политико за што се работи, тврдат дека првиот човек на Комисијата, покрај наведените кривични дела, е осомничен и за саботирање на истражниот процес поради уништување на доказниот материјал, односно бришење спорна кореспонденција.

На целиот скандал уште посериозна нота му дава фактот што ЕППО го презеде случајот од белгиските власти, поради што целата Комисија може да се најде под лупата на европските истражители и тоа во пресрет на претстојните избори за Европскиот парламент, каде актуелната шефица сака да обезбеди уште еден мандат на чело на ЕУ.

Европската комисија досега упорно избегнуваше да дава какви било официјални информации за случајот, а формално не го потврди за медиумите ниту самото постоење на спорната преписка меѓу Фон дер Лајен и Бурле.

Да потсетиме, договорот за испорака на вакцините на Фајзер со проценета вредност од 20 милијарди долари во 2022 година беше протолкуван како еден од најголемите триумфи на Комисијата на Урсула фон дер Лајен. Но, во меѓувреме се покажа дека нарачката била нереално голема, поради што вредноста на „пропаднатите“ дози се проценува на 4 милијарди евра.

И покрај тоа што политичките ривали на шефот на Комисијата, како и бројни невладини организации одговорни за промовирање на транспарентноста, инсистираа Фон дер Лајен да даде изјава за целиот скандал, таа упорно го избегнуваше.

Подносителот на претставката што го започна овој скандал, фон дер Лајен, обвини дека ги договарала условите за таква профитабилна набавка преку приватни комуникациски канали и ги заобиколила строгите правила на ЕУ за јавни набавки, поради што се сомнева во постоење на корупција.

Истрагата првично беше отворена од белгиските правосудни власти во градот Лиеж на почетокот на 2023 година, по кривичната пријава поднесена од локалниот лобист Фредерик Балдан. Подоцна му се придружија унгарската и полската влада – иако последната е во процес на повлекување на својата жалба по победата на изборите од страна на про-ЕУ влада предводена од Доналд Туск.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израелската војска целосно ја уништи и се повлече од болницата Шифа

Следно

Обновата на мостот во Балтимор би можела да чини најмалку 2 милијарди долари

Latest from Blog

Божиновска: Заштитата на енергетската инфраструктура од сајберзакани е постојан приоритет

Заштитата на критичната енергетска инфраструктура мора да биде постојан приоритет, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на настанот „Сајбербезбедност во енергетскиот сектор: Од проценка до отпорност – Патоказ

Бакарот станува стратешка суровина за Европа: Македонија има потенцијал да биде дел од новите синџири на снабдување

Зголемената глобална побарувачка за бакар и други критични минерални суровини го става рударството во фокусот на европските економски и индустриски политики. Во услови на енергетска транзиција и брз технолошки развој, регионот на

Коњановски: Над 164 милиони денари за улична и патна инфраструктура во Битола

Над десет километри обновена и новоизградена патна инфраструктура, повеќе од три километри водоводна и канализациска мрежа и нови 220 паркинг места се дел од резултатите што ги издвојува градоначалникот на Битола, Тони

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на
Go toTop