Барселона ќе се обиде да го убеди Чави да остане главен тренер на тимот

March 31, 2024
1 min read

Потпретседателот на Барселона, Рафа Јусте призна дека клубот ќе се обиде да го убеди главниот тренер на тимот Чави да продолжи со работа по крајот на сезоната.

-Се надевам и посакувам Чави да остане во клубот. Со него разговараме за долгорочен проект, а не зборуваме за сезона или две. Ќе се обидеме да го убедиме Чави да остане во клубот, но се зависи од него, изјави Јусте за „АС“.

Четириесет и четиригодишниот Шпанец во јануари најави дека ќе го напушти тимот на крајот на сезоната. Чави ги води Каталонците од ноември 2021 година. Претходно соработуваше со катарскиот Ал Сад.

По 30 натпревари, Барселона е втора во шпанската Ла Лига со 67 бодови, пет бода зад Реал Мадрид, но тимот на Карло Анчелоти има еден натпревар помалку.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ОМО „Илинден“ – Пирин кани на голем семакедонски собир во чест на Јане Сандански во Мелник

Следно

Нетанјаху: Израел мора да биде понезависен во производството на оружје

Latest from Blog

Поранешни противници бараат помош од австралиската влада поради здравјето на Имран Кан: Ќе умре во затвор

Вчера, седум поранешни австралиски капитани во крикет ја повикаа министерката за надворешни работи на земјата, Пени Вонг, да интервенира дипломатски во врска со продолжениот притвор на поранешниот пакистански премиер, изразувајќи загриженост за
Go toTop