60 отсто од работниците земаат минимална плата

March 30, 2024
1 min read

Како да се живее со плата од 370 евра или пензија од 250 евра, а минималната потрошувачка за четиричлено семејство достигна 1200 евра?! Оваа дилема ги оптоварува повеќето граѓани кои зависат од минималниот приход. Во најновиот мониторинг на зелените пазари и супермаркетите, цените на храната и земјоделските производи како овошјето и зеленчукот остануваат високи по укинувањето на мерките за загарантирани цени на почетокот на март. Граѓаните, кои ги прашавме, велат дека платите останале многу ниски, нивното зголемување е минимално во однос на трошоците за живот. Некои велат дека едвај излегуваат на крај.

„Во споредба со платите, цените се скапи! Нејзината плата е 20 илјади денари, а колкави се цените? Не знам, државата не ги покачува платите, туку приватниот сектор ги зголемува цените. Колку ви е тешко? Да, тешко е, но трошиме, нормално, доволно за јадење. За луксуз нема“, рече еден граѓанин.

Светлана Димоски, од Сојузот на синдикати, рече дека од декември до март само трошоците за храна и пијалоци се зголемени за близу 2 илјади денари, што се совпаѓа со растот на потрошувачката кошничка за 9,4 отсто. Според неа, ваквото поскапување се должи на укинувањето на загарантираните цени, со што се одврзаа рацете на трговците повторно да ги покачат цените.

Според Синдикатот, зголемувањето на цените придонесува и за губење на куповната моќ на граѓаните. Од таму, со зголемувањето на минималната плата во март на 22.567 денари, за 70 илјади вработени, велат дека тоа нема позитивно да се одрази на подигнување на стандардот на граѓаните кај нас. Синдикатот предложи продолжување на мерките за гарантираните цени до средината на септември, датум кој се совпаѓа со целосната примена на Законот за нефер трговски практики, со што ќе се заѓтитат граѓаните од повеќекратните поскапувања на основните прехранбени продукти./Алсат.мк

Аднан Ќаили

Извор: alsat.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: ДУИ прво ќе оди во опозиција, а потоа…

Следно

Што се случува на српското небо? Вучиќ ги подигна ловците МИГ-29

Latest from Blog

Меџити: 25 години по Охридскиот договор, еднаквоста мора да се гледа во животот на граѓаните

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска истакна дека 25 години по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, одговорноста е да се зачуваат стекнатите права, да се институционализираат и

МВР: Не е точно дека на 700 Филипинки им е дадено македонско државјанство

Министерството за внатрешни работи ги демантира наводите дека 700 државјанки на Филипините, кои се наоѓаат во Австралија, добиле македонско државјанство и македонски пасоши. „Станува збор за целосно неточни и непроверени информации. Министерството

Николоски: Нови авиолинии и инвестиции се можност за забрзан развој на туризмот

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски оствари средба со претставници на „Корендон“, една од најголемите туристички групации во Европа, на која било разговарано за можностите за нови инвестиции, развој
Go toTop