„Вашингтон пост“: Бајден тајно одобрил додатно испраќање бомби и воени авиони за Израел

March 30, 2024
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Во последниве денови, американскиот претседател Џо Бајден тајно одобрил милијарди долари за нови бомби и борбени авиони за Израел, и покрај загриженоста на Вашингтон поради очекуваната воена офанзива на југот на Појасот Газа што може да ги загрози животите на стотици илјади палестински цивили, се наведува во медиумскиот извештај објавен вчера, пренесува Анадолу.

„Оружјето што оваа недела го одобри американскиот претседател вклучува 1.800 бомби МК84 со тежина од по 907 килограми и 500 бомби МК82 со тежина од по 226 килограми“, изјавија за „Вашингтон пост“ неименувани претставници на Министерството за одбрана и Стејт департментот.

Стејт департментот минатата недела одобри трансфер на 25 борбени авиони Ф-35А и мотори, додаде американскиот претставник.

Вредноста на авионите и моторите се проценува на околу 2,5 милијарди долари.

Продажбата не е јавно објавена, а нема ниту соодветни најави на веб-страницата на Агенцијата за безбедносна и одбранбена соработка каде вообичаено се објавуваат вакви соопштенија.

Бајден и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху станаа се подистантни во последните неколку недели, а напнатоста расте откако Соединетите Американски Држави не ставија вето на резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот во Газа.

Нетанјаху возврати со ненадејно откажување на планираната посета на Вашингтон на израелска делегација за разговори за американските алтернативи за израелската инвазија на Рафа. Состанокот сега е повторно закажан.

Поголем дел од Појасот Газа е уништен откако Израел ја започна војната во октомври минатата година по прекуграничниот напад на Хамас. Израелските сили со месеци уништуваат згради и цели населби. Уништена е 60 отсто од инфраструктурата на палестинската енклава. Во израелските напади досега загинаа повеќе од 32.600 Палестинци.

Меѓународниот суд на правдата (МСП) назначи дополнителни привремени мерки, вклучително и „непречено обезбедување“ помош за Појасот Газа, во тековната постапка за геноцид која е во тек против Израел на барање на Јужноафриканската Република.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Сончево и топло време со слаб јужен ветар

Следно

Русите ја ракетираа Одеса, петмина повредени

Latest from Blog

Коњановски во Битола ќе ги намалува управните одбори во јавните претпријатија

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, им наложи на директорите на јавните претпријатија да достават конкретни предлози за намалување на управните одбори, со цел рационализација на трошоците и поефикасно функционирање на институциите.

Весна Писаровиќ прв пат ќе гостува во Македонија

Една од најголемите хрватски поп ѕвезди Весна Писаровиќ конечно доаѓа во Македонија! На 28 март 2026 година, сцената на Филхармонија во Скопје ќе биде местото каде што препознатливиот глас што ги одбележа

Ватикан поведе истрага против шпански бискуп обвинет за педофилија

Тоа е прв познат случај против шпански бискуп обвинет за педофилија. Жртвата летово испрати жалба, преку писмо адресирано до римската Дикастеријата за доктрина на верата, во кое ја опишал злоупотребата и побарал
Go toTop