Kандидатите за претседател расположени за мастер дебата, останува да се договорат техничките аспекти

March 28, 2024
1 min read

Изборните штабови на шестмината претседателски кандидати одговориле позитивно на иницијативата на претседателскиот кандидат на СДСМ Стево Пендаровски, да се одржи мастер дебата на која сите претенденти за шеф на државата ќе имаат можност да ја претстават својата програма и својот концепт за тоа како ќе ја водат државата доколку победат, брифираат од изборниот штаб на Пендаровски.

Дел од кандидатите имале свои услови, од дебатата да се изземат некои од нивните ривали, пред се Стевчо Јакимовски бидејќи е на „црната листа“ на САД и Билјана Ванковска поради нејзините наративи, но од штабот на Пендаровски велат дека тоа не е можно.

„Државната изборна комисија потврди дека има седум кандидати за претседател на државата и за нас не постојат спорни кандидати. Го почитуваме гласачкото тело на сите кандидати и кога некој претендира да стане претседател на државата треба да го има предвид фактот дека тој е претседател на сите граѓани. Нашата идеја е дебатата да се одржи со сите седум кандидати и добро е што имаме позитивен одговор од сите штабови. Не можеме да кажеме финално дека ќе има дебата бидејќи во следниот период штабовите ќе треба да ги договорат техничките аспекти. Организацијата и трошоците за мастер дебатата ќе бидат заеднички“, посочија од изборниот штаб на Пендаровски на денешниот брифинг со новинарите.

Оттаму додаваат дека најверојатно ќе има само една мастер дебата, бидејќи времето не дозволува да се одржат две и таа би се реализирала на почетокот од кампањата, односно, планот е таа да се одржи до 10 април.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

„Волво карс“ го произведе последниот дизел-автомобил

Следно

Предвремена кампања, десетици претставки до Анти-корупциска

Latest from Blog

Лука Модриќ урна рекорд – стар 64 години!

Фото: ФЦ Милан Х Фудбалерите на Милан ја победија Болоња со 1:0 во натпреварот од третото коло на Серија А. Единствениот гол го постигна Лука Модриќ, кој дебитираше во дресот на својот

Сончево со мала облачност и ветер

Во раните утрински и претпладневни часови во источните делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и услови за појава на ретки грмежи. Во текот на денот времето ќе биде сончево со

Онана во првиот меч за Трабзон имаше 7 одбрани и доби највисока оценка

фото: DİAS (X) Довчерашниот голман на Манчестер Јунајтед, Камерунецот Андре Онана имаше одлично деби на голот на Трабзонспор. Иако неговиот тим загуби на гостувањето кај Фенербахче со 1:0, Онана блескаше на голот
Go toTop