Централната свеченост по повод четири години од членството на Северна Македонија во НАТО ќе се одржи денеска на платото пред Министерството за одбрана, а ќе биде одбележан и Денот на Генералштабот.
На свеченоста ќе се обратат првиот вицепремиер за европски прашања Бојан Маричиќ, министерката за одбрана Славјанка Петровска и директорот на Генералштабот на Армијата бригаден генерал Симеон Трајковски.
Армиската гарда ќе ја изведе показната точка „Егзерцир“, а промовирани ќе бидат и две поштенски марки изработени по повод четири години од членството во НАТО и 75-годишнината од основањето на Алијансата.
Пред централаната свеченост Министерството за надворешни работи ќе одржи традиционален настан со дипломатскиот кор, со што ќе се одбележи почетокот на Деновите на НАТО во државата, кои ќе траат до 4 април.
Владата вчера одржа свечена седница по повод годишнината од членството во НАТО.
Извор: alsat.mk