Од 2025 година забранет пристап до социјалните мрежи за децата во Флорида помлади од 14 години

March 26, 2024
1 min read

Во американската сојузна држава Флорида, на децата помлади од 14 години од следната година ќе им биде забрането да се приклучуваат на социјалните мрежи.

Станува збор за закон потпишан од гувернерот Рон ДеСантис, кој им наредува на компаниите кои поседуваат социјални мрежи да ги избришат профилите на лица под 14 години, пишува Ројтерс.

На децата на возраст од 14 и 15 години ќе им треба родителска согласност пред да се најават на платформи како Истаграм и Снепчет.

Компаниите кои нема да ги избришат профилите ризикуваат да бидат тужени во име на децата.

Доколку се прекрши законот, компаниите би можеле да платат казна од 10 000 до 50 000 долари.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Галант: Резултатите од војната во Газа со години ќе влијаат врз Блискиот Исток

Следно

Туркије: Над 1,6 милиони натпреварувачи пријавени за технолошки натпревари на ТЕХНОФЕСТ

Latest from Blog

Поранешни противници бараат помош од австралиската влада поради здравјето на Имран Кан: Ќе умре во затвор

Вчера, седум поранешни австралиски капитани во крикет ја повикаа министерката за надворешни работи на земјата, Пени Вонг, да интервенира дипломатски во врска со продолжениот притвор на поранешниот пакистански премиер, изразувајќи загриженост за
Go toTop