Израелската војска привела 500 Палестинци од болница во Газа

March 25, 2024
1 min read

КУДС (АА) – Израелската војска денес соопшти дека во текот на изминатата недела уапсила 500 Палестинци во и околу болницата Ал-Шифа во градот Газа, пренесува Анадолу.

Во соопштението на војската се вели дека Палестинците се приведени поради нивна поврзаност со палестинските групи Хамас и Исламски џихад.

Од двете групи нема коментар за израелските наводи.

Војската изврши рација во болницата на 18 март, во која се сместени илјадници болни и ранети пациенти, како и раселени жители на Газа.

Според владината канцеларија за медиуми на Газа, во израелскиот напад врз објектот убиени и повредени се над 250 Палестинци.

Израел започна напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас.

Најмалку 32.226 Палестинци се убиени во израелските напади врз Појасот Газа од октомври, соопшти во неделата Министерството за здравство во опколената енклава.

Според Обединетите нации, војната принуди 85 отсто од населението на Газа на внатрешно раселување поради акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а поголем дел од инфраструктурата на енклавата е оштетен или уништен.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, кој со привремената одлука во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните дејства и да преземе мерки за да гарантира хуманитарна помош за цивилите во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Северна Македонија „депо“ на половни возила

Следно

Кина најави поддршка за новата нацрт-резолуција на Советот за безбедност на ОН за Газа

Latest from Blog

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример

„Редовно се исплаќаат субвенциите на земјоделците“, истакна Трипуновски

Цветан Трипуновски, министерот за земјоделство вечерва во емисијата Бизнис 21 на ТВ21 демантираше дека на земјоделците им се должат 100 милиони евра. „Не знам од каде калкулациите дека се должат 100 милиони

Пријателски: Шпанија ја декласира Србија, Вирц донесе победа за Германија, без победник на “Вембли“!

ФОТО:.facebook.com/SeFutbol/ Вечерва се одиграа неколку пријателски средби на кои играа едни од фаворитите за највисок пласман на претстојното СП. Шпанија на стадионот “Керамика“ во Виљареал, очекувано ја победи Србија со убелдиви 3:0.
Go toTop