Бени Ганц се закани дека ќе ја напушти израелската Влада

March 25, 2024
1 min read

АЛ-КУДС/ЕРУСАЛИМ (АА) – Членот на израелскиот Воен кабинет Бени Ганц се закани дека ќе поднесе оставка доколку се усвои сегашната верзија на законот за регрутација, кој ги ослободува ултраортодоксните Евреи Хареди од воена служба во земјата, јавува Анадолу.

Планирано е Предлог-законот за регрутација во својот сегашен облик да биде претставен пред Кнесетот (Парламентот) следнава недела за одобрување.

„Ние нема да бидеме членови на Владата ако законот за воена обврска биде усвоен во неговата сегашна форма. Ниту јас ниту моите партнери нема да бидеме членови на вонредната Влада доколку Кнесетот го одобри овој закон и го вклучи во законите на државата Израел“, рече Ганц во видеоснимката што го емитуваше каналот КААН, поврзан со Израелската радиодифузна корпорација.

Тој смета дека овој закон, доколку биде усвоен, ќе им наштети на единството и безбедноста на државата воопшто, а особено во време на војна.

Ганц се приклучи на вонредната Влада неколку дена по почетокот на израелската војна во Појасот Газа, иако не беше дел од десничарската Влада формирана од Бенјамин Нетанјаху.

Израелскиот опозициски лидер Јаир Лапид вчера го нападна Нацрт-законот за регрутирање што треба да биде претставен неделава, нарекувајќи го одраз на „најстрашната Влада во историјата на земјата“.

Неодамна во Израел контроверзијата за регрутацијата се врати во прв план откако десничарската влада предводена од Бенјамин Нетанјаху се обиде да одобри Нацрт-закон со кој ултраортодоксните Евреи се исклучуваат од воена служба и се зголемува периодот на задолжително служење од 32 на 36 месеци.

Прашањето за регрутирање на ултраортодоксните Евреи кои избегнуваат воена служба под изговор дека се посветуваат на проучувањето на Тората отсекогаш било „трнливо“ прашање во израелското општество.

Главниот израелски сефардски рабин Јицак Јосеф претходно во март се закани дека ултраортодоксните Евреи ќе ја напуштат земјата доколку бидат принудени да служат војска.

Според сегашниот израелски закон, Евреите кои се школуваат во јешивите (верските училишта) се ослободени од воена служба.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вучиќ: Не се согласуваме со распарчување на Србија

Следно

Франција го покрена степенот на тревога од тероризам на највисоко ниво

Latest from Blog

Евровизија пропаѓа: Уште еден победник го враќа трофејот поради учеството на Израел (ВИДЕО)

Откако победникот на Евровизија 2024, Немо, јавно објави дека го враќа својот победнички трофеј на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), друг победник на Евровизија одлучи да го стори истото. Тоа е ирскиот пејач

ФОТО: Дали имате природен магнетизам? Првото нешто што го забележувате открива дали…

Овој интересен визуелен тест ја користи перцепцијата како забавен начин за да ѕирнете во вашиот внатрешен свет. Ве повикува да истражите како вашите први импресии од една едноставна слика може да ги

Митева: Денешниот настап на СДС претставува сериозна штета за медиумскиот простор во Македонија кој мора да биде јасно осуден

Како човек кој секојдневно е во директна комуникација со Вас, медиумите и новинарите, чувствувам обврска јавно да реагирам. Премолчувањето во вакви ситуации би значело дека се откажуваме од одговорноста што ја имаме

Хаос во Индија: Само што си замина Меси – на теренот летаа шишиња (ВИДЕО)

Посетата на Лионел Меси на Индија беше одбележана со инцидент во Калкута, каде што настана хаос откако незадоволни навивачи влетаа на теренот на стадионот „Солт Лејк“, објавија локалните медиуми. По пристигнувањето во
Go toTop