Седум Палестинци се убиени во израелско гранатирање на луѓе кои чекале хуманитарна помош во Газа

March 23, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Најмалку седум лица се убиени во напад на израелската армија врз Палестинци кои чекале хуманитарна помош во Појасот Газа, известува Анадолу.

Локалните извори објавија дека израелската армија извршила напад врз Палестинците кои чекале пристигнување на камион со помош во центарот на градот Газа, во северниот дел на Појасот Газа.

Според првичните податоци, во нападот се убиени седум лица, а десетици се повредени.

На 19 март, израелската армија бомбардираше група Палестинци собрани на Кувајтската раскрсница во Газа заради организирање дистрибуција на хуманитарна помош.

Во нападот се убиени 23 Палестинци.

Најмалку 20 лица беа убиени, а повеќе од 155 повредени во нападот на израелската армија врз Палестинците кои чекаа камиони со помош во близина на Кувајтската крстосница на 14 март.

На 29 февруари 118 лица загинаа, а 760 беа повредени во напад врз Палестинци кои чекаа хуманитарна помош на раскрсницата Наблус во јужниот дела на градот Газа.

Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади на Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници по неочекуваниот напад од страна на Хамас на 7 октомври минатата година.

Во овие напади досега се убиени повеќе од 32.142 Палестинци, главно деца и жени, а над 74.412 се повредени во услови на масовно уништување и недостаток на неопходни средства за опстанок.

По обвинението за геноцид што ја поднесе Јужноафриканската Република, Меѓународниот суд на правдата на 26 јануари пресуди дека Израел мора да се воздржи од какви било активности поврзани со убивање, напади и уништување на жителите на Газа и да преземе мерки за спречување на геноцид.

И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.

Израел воведе целосна блокада на Појасот Газа, оставајќи го неговото население, особено жителите на северна Газа, на работ на гладување.

Според Обединетите нации, израелската војна принуди 85 отсто од населението на Газа внатрешно да се расели, каде што постои и акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а 60 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Таравари: Османи е незаинтересиран за иселувањето на Албанците

Следно

Расте бројот на загинати во терористичкиот напад во Москва

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop