Најмалку 40 мртви во пукањето на концерт во близина на Москва, одговорноста за нападот ја презеде „Исламска држава“

March 23, 2024
2 mins read

Најмалку 40 лица се убиени во петокот, 22 март, во пукање во концертна сала во близина на Москва, објавија руските државни медиуми, повикувајќи се на Федералната служба за безбедност (ФСБ).

Одговорноста за нападот ја презеде екстремистичката група наречена „Исламска држава“, која на Телеграм наведе дека нејзини членови „извршиле напад во голем собир кој се одржувал во преградие на руската престолнина Москва“.

146 лица се повредени во нападот во концертната сала Крокус во Красногорск во близина на Москва пред настапот на групата Пикник, соопштија регионалните здравствени власти.

Повеќе од 100 луѓе беа повредени кога неколку напаѓачи во маскирни униформи отворија оган во „Крокус Сити Хол“, во Красногорск во близина на Москва, пред настапот на групата „Пикник“, соопшти ТАСС.

Портпаролот на претседателот Владимир Путин, Дмитриј Песков, рече дека лидерот на Кремљ бил информиран „во првите минути“ од нападот и дека „постојано добива информации за тоа што се случува на терен, како и за мерките што се преземаат преку сите релевантни служби“.

Тој рече дека Путин „ги дал сите потребни инструкции“.

Видео-снимките од местото на настанот покажуваат пожар и облак црн чад што се издигаа од зградата на Крокус Сити Хол, која се наоѓа во луксузен кварт на работ на Москва.

Државната агенција РИА Новости објави дека најмалку тројца вооружени лица биле вмешани и дека, се чини, отвориле оган со автоматски пушки. Интерфакс пренесе дека имало најмалку петмина напаѓачи.

Руските медиуми јавуваат дека напаѓачите фрлале експлозиви што предизвикало голем пожар во концертниот простор кој собира околу 6.000 луѓе.

Руската национална гарда соопшти дека е во потрага по напаѓачите.

„Во тек е потрагата по напаѓачите, а граѓаните се евакуираат од зградата“, стои во нивното соопштение.

Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин најави дека ќе бидат откажани сите јавни настани планирани за овој викенд во руската престолнина.

„Одлучив да ги откажам сите спортски, културни настани и други масовни настани во Москва овој викенд“, објави Собјанин на Телеграм.

Чад од запалената концертна сала во Крокус Сити Хол по пукањето, 22 март 2024 година

Чад од запалената концертна сала во Крокус Сити Хол по пукањето, 22 март 2024 година

Белата куќа вели дека нема индикации за вмешаност на Украина

Белата куќа соопшти дека нема индикации дека Украина е вмешана во нападот во концертната сала во Москва.

„Засега нема индикации дека Украина или Украинци биле вмешани во пукањето“, изјави за новинарите портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби.

„Сега би ве одвратил од каква било врска со Украина“.

Специјални полициски сили и бројни возила на брзата помош се на местото на настанот

Специјални полициски сили и бројни возила на брзата помош се на местото на настанот

Покрај овие тврдења на САД, вечерва и високиот помошник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михаило Подољак, истакна дека Украина не е вмешана во овој напад, наглсувајќи дека терористичките напади не решаваат никакви проблеми.

„Украина сигурно нема никаква врска со пукањето/експлозиите во концертната сала во Москвва“, порака Подољак преку социјалната мрежа Х.

Москва: САД да ги споделат сите информации што ги имаат

Русија рече дека ако САД со сигурност знаат дека Украина не е вмешана во пукањето во концертната сала во близина на Москва, Вашингтон треба да ги сподели сите информации што ги има.

„На која основа официјалните лица во Вашингтон донесуваат заклучоци за нечија невиност среде трагедија“, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

Таа додаде дека доколку Вашингтон има информации треба да ги сподели, а доколку нема информации да не зборува на таков начин.

Извор: slobodnaevropa.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Макс Верстапен најбрз и во квалификациите за ГН на Австралија

Следно

„Во нападот во Москва се убиени 40 лица, повеќе од 100 се ранети“, соопшти руската Федерална служба за безбедност

Latest from Blog

Папата Лав Четиринаесетти наполни 70 години

Официјална свеченост по повод роденденот на папата не е предвидена во Ватикан. Во својата традиционална неделна молитва Лав Четиринаесетти денеска му се заблагодари на Бог, на своите роднини и на сите кои

Андрулакис: Победа на ПАСОК и пораз на Нова демократија значи промена за Грција

Политичката промена за Грција поминува преку пораз на денешната Влада, преку пораз на Нова демократија. Победа на ПАСОК и пораз на Нова демократија значи промена за земјата, нагласи лидерот на грчката опозициска

Селта се спаси од пораз на домашен терен

Со гол постигнат во втората минута од судиското продолжение, тимот на Селта предмалку се спаси од пораз на свој терен во дуелот против Џирона, кој што заврши со конечен резултат од 1:1.

На 46-години почина легендарниот боксер Рики Хатон

Трагична вест пристигнува од Манчестер, каде утрово е пронајден мртов Рики Хатон, една од најголемите британски боксерски легенди. Безживотното тело на 46-годишниот Хатон било пронајдено во неговиот дом во Хајд, во реонот

Мицкоски ја посети „Дрисла“: Ситуацијата е стабилна

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја посети депонијата „Дрисла“. – Денеска ја посетив Дрисла, каде што се уверив дека пожарот е целосно локализиран и ставен под контрола. Благодарение на навремената интервенција на службите,
Go toTop