Снимка од малиот Мусаб од Газа, кој во израелските напади ги загуби петте браќа и сестри

March 21, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Израелските напади врз Појасот Газа траат повеќе од пет месеци. Од Газа секојдневно пристигнуваат фотографии и видеа од убиени и ранети деца, јавува Анадолу.

Во еден од израелските напади рането е и детето Мусаб ал-Хамс. Израелските сили бомбардираа куќа во подрачјето на Шејх Ридван во градот Газа. Во неа засолниште нашло семејството Ал-Хамс.

Во нападот на Мусаб му се убиени петте браќа и сестри. Ранети се уште тројца, заедно со мајката. Ова мало момче се здоби со тешки повреди. На видеото се гледаат повредите на главата, лицето, рацете и стапалата. Но, за среќа, тој преживеа.

Израелските напади врз блокираниот Појас Газа продолжуваат со ненамалено темпо.

Израел, обвинет за геноцид, започна смртоносна воена офанзива врз Појасот Газа, по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври, во која загинаа речиси 32.000 Палестинци.

Поради израелската војна, која трае 167 дена, според податоците на Обединетите нации, 85 отсто од населението на Појасот Газа се внатрешно раселени и соочени со акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а 60 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени.

По тужбата за геноцид поднесена од Јужноафриканската Република, Меѓународниот суд на правдата на 26 јануари пресуди дека Израел мора да се воздржи од какви било дејства поврзани со убивање, напади и уништување на жителите на Појасот Газа и да ги преземе сите мерки за да спречи геноцид.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Просечната плата во земјава намалена за околу 500 денари

Следно

Секс, лаги и видео ленти – во што се претвора изборната кампања во Македонија?

Latest from Blog

Коњановски: Битола е дел од европскиот културен дијалог преку изложбата „Инспирации“

Тони Коњановски заедно со претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски присуствуваше на свеченото отворање на изложбата „Инспирации“, која преку внимателно избрани фотографии ги претставува трите европски градови носители на титулата

Ердоган: Очекуваме единството на алијансата да биде нагласено на самитот на НАТО

Тој повика на укинување на ограничувањата за трговија со оружје и воена опрема и на Анкара да ѝ биде дозволено да учествува во иницијативи за зајакнување на европската безбедност, објави Ројтерс. Анкара

Проданоски им оддаде признание на учениците за филмот „Девојките на Марко“

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, оствари средба со членовите на драмската секција „Слободно театарче“ при СОУ „Ѓорче Петров“, при што им оддаде признание за нивната посветеност и успехот со реализацијата на долгометражниот
Go toTop