Штрајк на половина милион вработени во Британија – училиштата се затворени, а возовите и авионите доцнат

February 1, 2023
1 min read

Штрајковите, кои со месеци се повторуваат, го нарушија животот на Британците, а се уште не е најдено решение за спорот меѓу синдикатите и владата околу зголемувањето на платите и подобрувањето на работните услови

ФОТО: EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Десетици илјади училишта во Велика Британија делумно или целосно ја прекинаа наставата, прекинат е и железничкиот сообраќај, а се очекуваат доцнења на авионите бидејќи околу половина милион работници стапија во штрајк за да го зголемат притисокот врз Владата со барања за повисоки плати поради зголемување на цените.

Денешниот штрајк на работниците, најголемиот во Велика Британија по повеќе од десет години, беше организиран од сојуз на синдикати кои вклучуваат образование, државни службеници, јавен превоз.

Во наредните денови и недели се планирани повеќе протести во кои ќе се вклучат и медицински сестри и персоналот за итни случаи.

Штрајковите, кои со месеци се повторуваат во помал обем, го нарушија животот на Британците, а се уште не е најдено решение за спорот меѓу синдикатите и владата околу зголемувањето на платите и подобрувањето на работните услови.

Денешните координирани штрајкови со повеќе активности значат ескалација на протестните акции на синдикатите, кои последен пат беа организирани на ваков начин во Велика Британија во 2011 година, кога повеќе од милион работници во јавниот сектор организираа еднодневен штрајк во спорот за пензиите.

Инфлацијата во Велика Британија изнесува 10,5 отсто, што е највисока во последните 40 години, предизвикана од наглиот раст на цените на храната и енергијата.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Бектеши ги разрешува сите стечајни управници, за лиценца сите ќе треба да полагаат одново

Следно

Земјите-членки на ЕУ ќе обучуваат дополнителни 15.000 украински војници

Latest from Blog

Меџити: Испратен е Инспекторатот на „Вардариште“, деновиве се очекуваат резултатите

Вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска во изјава за медиумите рече дека деновиве се очекува да бидат готови резултатите од инспекцискиот надзор што се прави на

Меџити најави 200 електрични такси-возила со државни субвенции

Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, најави субвенционирање на 200 електрични возила за таксисти како дел од стратегијата за намалување на загадувањето и подобрување на урбаниот живот. „Возилото што

Исповеди на „девојки од јахти“: ТЕМНАТА СТРАНА НА „ЛУКСУЗНИОТ“ БИЗНИС

Работа од соништата – така многумина би ја опишале можноста за дружење со богатите и славните и забавување на луксузни јахти вредни милиони. Иако звучи примамливо, честопати е доста тешка задача, пишува

Европарламентарците кои Вучиќ и Брнабиќ ги нарекоа „олош“ ја напуштија Србија

Во делегацијата беа Расмус Нордквист од Данска и Вула Цеци од Грција, пренесе Индекс. „Благодарни сме на Европската зелена партија, копретседателот Вула Цеци и европратеникот Расмус Нордквист кои вчера застанаа со граѓаните
Go toTop