Шпанското обвинителство издаде налог за апсење на Рубијалес

March 21, 2024
1 min read

Шпанското обвинителство издаде налог за апсење на поранешниот прв човек на Кралската шпанска фудбалска федерација (РФЕФ) Луис Рубијалес, стои во официјалното соопштение на одделот.

Забележано е дека налогот е издаден како дел од истрагата поврзана со наводни незаконски договори во изминатите пет години.

-Федерацијата покажува длабока загриженост за настаните што се случија денес и се залага за максимална транспарентност, почитување на вредностите што фудбалот ги претставува и кои нејзините лидери мора да ги бранат, се вели во соопштението на РФЕФ.

На 20 август 2023 година, шпанскиот женски тим стана светски шампион, победувајќи ја репрезентацијата на Англија во финалето на турнирот (1:0). За време на доделувањето на наградите, Рубијалес ја бакна во усните фудбалерката на победничкиот тим Џенифер Хермосо.

По овој инцидент, ФИФА го суспендираше функционерот од работа на три години, а самиот Рубијалес поднесе оставка.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Денес протест пред Владата за подобри услови за студентите на ФИНКИ

Следно

„Кејф“ – нов студиски албум на Васил Хаџиманов Бенд

Latest from Blog

Поранешни противници бараат помош од австралиската влада поради здравјето на Имран Кан: Ќе умре во затвор

Вчера, седум поранешни австралиски капитани во крикет ја повикаа министерката за надворешни работи на земјата, Пени Вонг, да интервенира дипломатски во врска со продолжениот притвор на поранешниот пакистански премиер, изразувајќи загриженост за
Go toTop