Чашка, политиката ги подели учениците по етничка основа

March 20, 2024
1 min read

Разделувањето на учениците во посебен училишен објект е решение за проблемот на учениците Албанци од Чашка. Ваков е постигнатиот договор со родителите Македонци кои протестираа неколку месеци против настава на албански во оваа општина. Во училиштето „Тодор Јанев“, каде учениците Албанци ќе бидат „непосакувани“ во иднина, дојде техничкиот премиер Талат Џафери. Тој нагласи дека од наредната учебна година учениците Албанци ќе бидат преместени во нов објект, за кој нема ниту иницијатива за изградба.

„Како што знаете, учениците кои учат на албански јазик ќе продолжат до крајот на годината во овој објект. Има постапки за почнување на нов објект, на ново училиште во кое ќе се учи на албански јазик. Учениците од следната година кои учат на албански јазик од овој објект ќе бидат префрлени во новиот, во посебен објект и во таа насока е решавањето на овој проблем и затоа сме тука“, рече Џафери.

Министерот за образование Јетон Шаќири пак, вели дека покрај петте ученици Албанци од прво одделение, во новиот објект ќе се разгледа и можноста за трансфер на 80 ученици Албанци кои во моментов посетуваат настава на македонски јазик. Новиот училишен објект според министерот, ќе се гради во селото Бањица кое е на 5 километри од местото на протестите.

„Оние деца кои се таму и новите деца кои ќе се запишат и сите други кои ќе имат потреба според Законот за основно образование и можностите за трансфер врз основа на финансиските можности на Министерството за образование, не гледам никаква правна пречка да и на другите ученици да им се обезбеди кадар за трансфер“, рече Шаќири.

Актуелниот градоначалник на Чашка, Горан Стојановски, поделбата на учениците по етничка основа не го гледа како решение, иако самиот тој не презеде мерки да ги убеди жителите Македонци дека поделбите не се добри.

Со месеци учениците од „Тодор Јанев“ не одеа на настава поради протестите. Родителите Албанци со години бараа нивните деца да учат на мајчин јазик во ова училиште поради близината, но со најавеното решение ќе треба да патуваат 5 километри.

Авни Тахири

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Алвеш може да излезе од затвор со кауција од милион евра

Следно

Има нови невработени иако на фирмите им требаат 30.000 работници

Latest from Blog

Џенифер Лоренс јавно го „чепна“ заводникот Леонардо Дикаприо: „Изгледаш одлично со…“

Убавата актерка Џенифер Лоренс предизвика големо внимание во јавноста поради верувањето дека суптилно јавно го критикувала својот колега Леонардо Дикаприо за неговиот љубовен живот, односно партнерките кои ги избира. Двајцата биле гости

Комерцијална банка и Македонијатурист со најголем неделен промет, МБИ10 со пад од 0,41%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 15 до 19 декември 2025 година, на Македонската берза беа реализирани 328 трансакции со вкупна

Поради маглата откажани и одложени летови, намалена видливост на дел од патиштата

Густата магла во скопската котлина како и вечерва предизвика  откажување и доцнења на летовите од Меѓународниот аердором Скопје, а намалена е видливоста и на дел од од патните правци. Според информациите од

Николоски: Македонија останува посветена на правата на турската заедница

Нема поблизок народ за македонскиот народ од турскиот, нема поблиска држава за Македонија од Туркије и горд сум што можам да кажам дека Македонија овозможува изучување на мајчиниот турски јазик на турската
Go toTop